Што недостига на македонските телевизии?

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
417
709
1,103
Документарки, да се едуцира малце народот, Хумор, Детски програми...
А да и да се забранат со закон сериските по 10000000000000000000000000 епизоди...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin and Saladin

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Ни недостигат ного работи у нашта жална Македонија. Имајки народ шо има дарба да направа добар филм и приказна и документарка, нии ги увезуваме од странство. Гледаме ѓупски сериски филмове, нискобуџетни... Кои нашио народ ги гледе секојдневно и дури се гордеат со тава шо еден на друг во комуникацијата си користат фрази од тии глупави сериии. Покрај тава не им е срам и да си ги раскажуват откога ке ги изгледат. Ама шо да прааме, тава е тава...
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
МУ НЕДОСТИГА ЕДЕН АСАЛЕН ФИЛМ А НЕ СЕКОЈ ФИЛМ СО СЕКС АМАН ВЕЌЕ ОПСЕСИЈА СТАНА ОВА СО СЕКСОВ КО ДА ГЛЕДАМЕ ТВ 1000 А НЕ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ Ц Ц Ц
На тв 1000 порничи даваат?
Dr.Gonzo како бе брате јас и ти сме пропуштиле да не гледаме.
Он топик... фалит да ги затворат во една соба Амди Бајрам и Шабан Селиу и да гледаме сеир како еднаш порано.
 

Nikola

Полноправен Член
20 февруари 2012
59
41
18
Skopje
Интересна тема....Што фали на ТВ екраните кај нас.....Па незнам од каде би почнал....Прво треба веднаш да престанат со емитување на најголемиот дел(значи сепак не сите) на турските серии исто со другата забавна програма...Во врска со турските серии значи незнам колку ги гледате луѓето кои ги гледаат овие серии(претежно постарото население) дали знаете дека има жени кои пијат дијазепами лексилиуми и што ти ја знам за смирување кога има некои потресни сцени...дали тоа за вас е нормално истото со се за љубав и дајле значи крајно страшни резултати имаме од такво "ѓубре"(не значи дека е кузнае колку неквалитетно ама сепак не е доволно добро) и незнам дали некој забележал ама сите турски серии(значи истото како и кај шпанските) се со скоро иста содржина...од шоу имаме нешто ама сепак недоволно разработено...незнам дали ги памтите тие приказните или ВО ПОГРЕШНО ВРЕМЕ(апсолутниот фит и бродј.1 засекогаш на листата македонски производства во оваа објаст) не велам да ги прикажуваат пак истите си има продукции таму нека си фатата да работата доста ни е на сите од рекламите од типит научиго њутнов закон и не ја чисти собата и ако има пожар спасиги прво книгите и слично...Сува материја е се останато...ако веќе се припојуваме кон запад ако прифаќаме дкеа нивниот начин на живот е подобар и поправилен дајте да го следиме и тоа...
Леле стварно... кога ќе ми текне на Погрешно време. Пред некоја година ја даваа во лето секој ден пред ТВ во 4 саат по ручек. Инаку ги заборавивме македонскиве актери и ТВ фаци, ако не ги видиш во театар или негде низ град нема кај на друго место да ги видиш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kiril

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Леле стварно... кога ќе ми текне на Погрешно време. Пред некоја година ја даваа во лето секој ден пред ТВ во 4 саат по ручек. Инаку ги заборавивме македонскиве актери и ТВ фаци, ако не ги видиш во театар или негде низ град нема кај на друго место да ги видиш...

Исто така и Опстанок беше една од подобрите телебизиски емисии кои ги емитуваа... Сега сте супер вие што низ Скопје уште и во живо ги гледате, ние може само да им се радуваме ако ги видиме на ТВ во некоја емисија.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Индивидуализам. НА ГОЛЕМО!
Каде е креативноста? Каде се едукативните програми? Каде се навистина ЗАБАВНИТЕ програми? Не мислам да ми ја дават на телевизија Адријана Ацевска со Мафијаш!
Јас па.. после ќе ми било чудно зашто дете од 5 години ми ја пее Ќеш, ќеш.. :^)
А пак ако збореме општо за телевизијата мене ептен ми е безврска. Колку се манипулира со факти и некогаш нереално ги прикажува работите.
Чист пример.
media-spoonfeeding-cartoon.jpg



И така натаму... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
се му е таман....со испан мозок од срби, бугари турци.....
да фати нешто да работи....ќе цркни на каучот во дневна пред телевизор
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi

Nikola

Полноправен Член
20 февруари 2012
59
41
18
Skopje
Ако не се најде некој со добар капацитет на “мозок“ да направи нешто нормално во државава или да оформи асална ТВ ќе остареме со овие срања што ги даваат по телевизииве.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Квалитетни филмови и тв серии, а не нискобуџетни сапуници од 1000 епизоди. Квизови во кои ќе се мери знаењето на народот, како што беше Милионер, (и еден квиз на МТВ1 кој играше пред некои 5 години - Торпедо мислам се викаше, а водител беше Дејан Лилиќ) а не crappy квизови во кои се ограбува народот и му се даваат прости игрици од типот еве ти 5 букви и состави го зборот. Емисии од културата, уметноста и спортот, а помалку политички емисии. Интересни документарци за животот на некои наши „големци“ од типот Гоце Делчев, Александар Македонски и слично. Квалитетни вести во кои не се гледа која политичка партија си, туку се пренесуваат вестите такви какви што се. Така да, ако добро погледнеме се им фали на македонските телевизии и ниедна не ги исполнува овие критериуми. :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
На Македонските медиуми им треба еден ремонт... ама комплетен.
Да се вметнат некој документарки - за природа, за новитети на секаков план, за историја, за митологија.
Да има музички емисии, интервју со домашниве ѕвезди(ако можат така да се наречат) интервју со локални ѕвезди.
ДОБРИ ФИЛМОВИ - барем еден сериски или игран филм да видев на овие наши програми и да ми се допаднеше... Се’ е турско. Се чуствувам како да сме пак во турско ропство.
Исто така ни недостасува добра утринска програма. Едно време се обидуваа на а1 и не успеаа.
Исто така би било пожелно децава да имаат повеќе серии за нивна возраст, цртани и слично.
- на тој начин нема да гледам кај што во маало децата бараат пиштоли пушки за да играат „долина на волците“
... убаво си реков на почетокот, еден комплетен ремонт им треба на македонскиве медиуми