Што највеќе ви пречи низ кафичите низ Скопје?

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
818
535
1,103
30
Скопје
Монотонија се наликува на едно те исто. Малиот број на живи свирки по нив и секако ако ги има претежно ќе свират тежок турбофолк или нешто српско безвезно , ама никако македноско зш е демоде де иако имаме прекрасна музика. Потоа атмосверата музика прегласна и од една страна излегуват девојки , а од друга момци и сеа ќе се меркат и никој прв не превзема ништо! Некаде на крајот ми доаѓа услугата за нарачката обично чекаш 10-15 мин , а за да платиш сметка не подолго од минута.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
Во последно време, многу слабо излегувам и кога го правам тоа, си идам во маало, на кафе со убави луѓе, на места каде што ми е пријатно.
Ова за цените, скапо е, ама не мора да ве видат во Центар дека пиете кафе не?
Во главно, ми пречи кога келнерите се понашаат како да си дошол да им бараш пари на заем, а они имаат три рати кредит неплатено и маж/жена во затвор. |-(
Не ми пречи, ама ми е крајно дебилно кога некоја сред бел ден иде на кафе, а се напудрила, накитила и дотерала ко Галичка невеста: маскенбал едишн.
И секако, мизеријата од екипи кои мислат дека кафичот е нивен, а сите останати дојдени исклучиво да ги слушаат како се смеат, и изиграваат кловнови.
 
  • Like
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,997
9,629
1,683
Normandy
Посебно ме нервира во последно време највеќе за викендите коа некои „локални“ баџаци ќе се паркираат со автомобили, мотори и остала каросерија баш пред влезот или на тротоарот пред кафулето.
Да не зборам за гласната музика од едно кафуле како метастазира во друго кое пушта различен ешалон на песни. И трагичното е и секогаш се прашувам како е можно луѓето да прават муабет без да се надвикуваат.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,214
2,301
1,153
Skopje
www.facebook.com
Гласна музика, еден муабет не можеш да направиш. Намќор келнери, не налетувам многу често на вакви, ама кога ќе налетам страшна работа. Збиени кафичи еден до друг, човек да не знае кај да плати сметка.
 
  • Like
Реакции: Saladin

Coelho

Староседелец
2 април 2012
286
493
663
Скопје
Го делам истото мислење како и членот Црвена во однос на гласна музика. Малку не одговара од една страна кафич, наменет за да седнеш, да се напиеш нешто убаво, можеби да јадеш или да замезиш нешто - и од друга страна некоја музика што фршти и ја упропастува цела атмосфера.

Истотака кафичи каде што вработените се негативно настроени, намуртени. И оние кафичи кои немаат менија и, полошо, каде што вработениот ќе ти рече "Кажи што сакаш, ќе ти кажам дали има/што-како" и те става во незгодна позиција, или барем јас така се осеќам.

Како и да е, за секој не-толку-добар кафич има 3 што се супер. Секогаш во кафич кога вработените се насмеани и расположени уште толку ми се разубавува денот/вечерта.
 
  • Like
Реакции: Црвена

А пази кога ќе ти речат така и ти пошто немаш друг избор ќе си порачаш нешто што ти се пие, а они ти викаат: Го немаме тоа. Тогаш ти порачуваш нешто друго и тие пак. Ни тоа го немаме и така неколку пијачки и на крај им викаш. А добро што имате? Па ништо.
Или ко што ми се деси последниов пат иста ситуација. И порачувам чај но бидејќи немав мени и немам појма што чаеви имаат ја прашувам какви има и она ми вика па Цреша и цимет и другите не ги запамтив пошто овој ми се виде интересен и и викам за мене еден таков. Ова ми вика добро важи и ми носи чај од брусница :(
 
  • Like
Реакции: Coelho