Што највеќе ви пречи низ кафичите низ Скопје?

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Еве јас со уште едни негативни импресии.
King Burger (Ramstore) CANCELLED!
Одам сабајлево, си викам пред факултет ќе си појадам нешто од Рамстор. Чекам позади две девојчиња, во меѓувреме идат некои основци и као ќе ми зимат ред. Овој гомнарот од Кинг Бургер наместо мене, нив им зема прво порачка. Си викам ајде океј, помали се нестрпливи, нека ги. Си порачувам си седнувам. По некое време кога нарачките беа готови прво на овие децата а после и мојата, гомнарот го вика едно од децата по грешка го земал мојот сендвич. Океј, го врати детето и ми ја дава мене нарачката. Си викам детето го расчачка не го јадам, гнас ми е и решен веќе да не го јадам сендвичот само помфритот и да си станам. Кога наеднаш забележувам ми дал сељакот хамбургер. Му одам и му викам:
-Нарачав чизбургер-веќе видно изнервиран зошто се заебава со мене дечкото.
-Не, ти нарача хамбургер.
-Не, јас нарачав чизбургер.
Ја бара фискалната, која најверојатно ја зело едно од децата пошто ги гледаа фискалните да си ги земат нивните нарачки. Ја нема фискалната а јас не попуштам. Ми даде чизбургер буквално фрлајќи ми го на послужавникот. Ни повелете ни извини, ни извини што ти го расчачка детето сендвичот ќе ти дадам нов сендвич, ништо.
Значи јас бев крив што неговите другарчиња ги расчачкаа сендвичите, што умот му е во нив а не во мојата нарачка? И згоре на сето тоа, не рече ниту извини. Си остана намрштен + ми го фрли сендвичот. И секогаш е истиот, намрштен, неколку пати имаме идено со колеги, јас обично земам од Twiggy а колегите земаат сендвичи од Кинг Бургер. Па во Твиги еднаш девојката ми ја згреши нарачката, се извини илјада пати поради тоа што не беше нејзина грешка туку на тие во кујната што ставиле и тоа што треба и тоа што не треба. Братучед ми имаат ресторан, секогаш ми вика: муштеријата е секогаш во право, дури и кога не е. Не знам зошто во Кинг Бургер тоа не важи. Дали ги плаќаат малце па не им се работе па прават се само да ги избркаат муштериите? Еве не ми е јасно.
Уште еднаш не се враќам таму. Bye, bitch! :*
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Ме нервира тоа што ич не се организирани.Во Сити Мол-во кафичот што е надвор,че им притиснеш на дугмето да дојдат,тие не идат одма.А и некако се високи цените на кафињата,во повечето кафулиња низ Скопје.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Во овој случај си ти крив што си платил јас не би му платил биди сигурен ;),а тоа дека секогаш се муштериите во право не е точно,не се должни ''угостителите'' да кажам да им одат по газот и им исполнуваат музички желби,се си има граница,а тоа кој сака да го третира мутеријата како секогаш во право нека го третира :kafe
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Не знам што стана со услугата во голем број кафичи. Забораваат да ти донесат чаша вода со кафето. Треба да им побараш ако сакаш да ја добиеш, а и тогаш можеби нема :D
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Нешто што гледам почна да се практикува и по другиве градови, а тоа е носење колата/моторот со себе на кафе.
Па господо, па да можете и на столче би си ја седнале колата до вас бе. Па турира пред кафич, па сите колективно околу доживуваме оргазам од тие звуци, па малку прашинка во кафето и/или благото...
Ако е блиску до мене, веќе не се срамам да му кажам сељак. Ако нему не му е срам да мисли дека е некој јак курч бемвето од 96та да го флекса пред луѓе што дошле со цел на мира да сркнат едно кафе, не ми е ни мене.