Што највеќе ви пречи низ кафичите низ Скопје?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Гласна музика. Во последно време не знаеш дали е обично кафуле или па диско клуб. Избегнувам кафулиња со високонапонска (така ја викам) музика.
На второ далечно место - ептен спора/брза услуга. Земеш уште не си седнал па ти се бесат за врат, „шо ќе се напиеш“. Па ушти и цупкање со ногата ко да ќе и` пукне водењакот. Спора услуга своевремено се важеше во Бариста, каде кокаколите стигнуваа за 45 минути, кафињата за саат време... не дај боже да си нарачаш коктелче, можно е да појадуваш наредниот ден.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
^има и микс од тие две услуги. Уште не си седнал, а ти висат на глава ко што рече, а кога ќе дојде време да плаќаш ни со интерпол не можеш да ги најдеш.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
^има и микс од тие две услуги. Уште не си седнал, а ти висат на глава ко што рече, а кога ќе дојде време да плаќаш ни со интерпол не можеш да ги најдеш.

Triple combo - ти пуштаат некој микс од DJ „Шуга“, им крчи едниот звучник, а тебе душа ти плаче следен пат да им ја видиш запечатена вратата од инспекција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Црвена

Coci8

Староседелец
26 април 2013
106
55
1,038
42
Skopje
Некултура,цените и неуслужливите келнери
мислиш како да се нивни кафичите,а не дека се вработени
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and escape

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Смета тоа што нешто се влезени во филм демек шема мема ова она тераат ,умре македонската музика ,тераат некоја шема си мислат као да се Сицилија или Милано нешто тој стил демек !
Далеку сме од тоа да бидеме реални ,порано можесе во 60% од кафичите да се слуша мкд музика ,што се побудалеа сега незнам со музикава , а да ги прашаш што пуштаат пола незнаат да ти одговорат ! ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Смета тоа што нешто се влезени во филм демек шема мема ова она тераат ,умре македонската музика ,тераат некоја шема си мислат као да се Сицилија или Милано нешто тој стил демек !
Далеку сме од тоа да бидеме реални ,порано можесе во 60% од кафичите да се слуша мкд музика ,што се побудалеа сега незнам со музикава , а да ги прашаш што пуштаат пола незнаат да ти одговорат ! ;)
Ам ти што одиш секаде оди си во Дизајн таму исклучиво радио ти пуштаат со македонска музика, македонски реклами, сега персоналот не знам каков е од кога престанав да одам 100 пати го сменија ама би требало секако да е подобар од центар. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
@Ita :) Па одам не дека не ,али само навечер одам кога нема многу луѓе ,преку ден децана урлаат многу :) ,а искрено не сум бил еден месец и незнам за персоналот али во секој случај пријатно е !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Ми смета што немаат коцки мраз од дејонизирана вода,т.с. не се филтрира водата од кој се прават коцки,со што чаша вода со мраз откако ќе се стопи мириса и летаат ситни парталчиња од бигор.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Музиката , затоа што кога ќе ги прашаш што пуштаат не знаат , важно слушнале дека тоа треба ! ...(facepalm)(facepalm)