Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Обично носам големи ташни и како куфер ми се,се си носам во нив
Еднаш така во дискотека си нарачувам пијачка и да го извадам новчаникот да си платам,
по грешка едно книгиште извадив
Све има сеа кога ќе почнам да набројувам боље скролај ме 2- мобилни телефона,слушалки за мобилен,шише со вода,тетратки,паричник,книга-,,Дали ме чекаш,, Гијом Мисо,влажни марамчиња,палома,чадор,влошки,мастики,бонбони,крем за раце,млеко за тело неодамна го купив ,фискални сметки,клучеви од дома,од автомобилот на тато,пенкало,маркер,лабело,кармин,руж,апчиња парацетамол и кафетин менструал,шноли,ластички за коса,парфемче,usb,огледалце.И толку. Се има само ред нема
Добро е, не сум само јас со 200 работи во секојдневна ташна.
Must have: паричник, клучеви, мобилен, пенкало, тефтерче, средство за дезинфекција, мастики, палома и usb.
Нешта што не ми се толку потребни, а секогаш се наоѓаат внатре: огледалце, крема за раце, парфем, лабело, маскара, шноли, слушалки за мобилен, чадор, книга, шише со вода, чоколатца...
Понекогаш се плашам да ја отворам од тоа што се може да се најде во таа ташна.