Се ми недостига. Ми недостига бесрамноста во плачењето. Ми недостигаат игрите, безгрижноста.
Ми недостига недостигот на проблеми.
Ми недостигаат моментите кога единствена причина за кавга со другите ми беше тоа кој да бара кога игравме криенка или кога боси скокавме на ластик.
Ми недостига слободата од детството, слободата да го правиш она што ти е по волја без да размислиш, затоа што знаеш дека има кој да мисли на тоа, затоа што постои некој возрасен кој ни го подарил тоа детство.
Ми недостигаат миговите кога најмногу ме болеа крвавите колена, благодарение на мојата несмасност.
Ми недостига тркалањето по ливадите, без да се грижам дека ќе ми остане зеленило на задникот.
Сега ни цвеќињата не мирисаат како што тогаш мирисаа. Или тоа само јас престанав да го чувствувам нивниот мирис.
Ми недостига времето кога единстена инспирација за да напишам песна ми беа реките, дрвјата, планините, птиците.
Ми недостига се што оставив зад себе.