Што ви е најпривлечно кај жена/маж?

Nicole

Староседелец
27 јуни 2012
249
226
643
Што најпрво забележува жената кај еден маж?

Секоја нормална современа жена сака маж коj се грижи за својот изглед и има воспоставено хигиенски навики. Едноставно жената сака маж кој се грижи за себеси. Чистите мажи кои внимателно се грижат за себе се нешто најсекси во очите на жената.
Кога жените запознаваат некој маж, својот поглед најпрво го упатуваат кон неговите заби и раце. Дали тоа е несвесно или свесно, никој не може да потврди. Ако жената забележи дека неговите нокти се валкани, веднаш помислува дека тој е несериозно и неодговорно лице кое негува неред во својот живот. Мажот кој има убави, бели заби во предност е уште на самиот почеток. Убавата насмевка е едно од најважните нешта на кои подеднакво паѓаат и мажите и жените. Третото нешто на кое жените посебно обрнуваат внимание е мирисот. Според жените, најубаво е мажот да мириса машки, но истовремено и нежно. Секако, жените бегаат од мажи кои мирисаат непријатно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid

мислам дека потсвесно секоја жена гледа пред се анатомијата на мажот во каква форма и кондиција му е телото
а исто и мажот едноставно биолошки суштества сме
 
Vendetta

Староседелец
6 јули 2012
56
45
1,018
from infinity and beyond
неможам ништо да издвојам, едноставно ме привлекува целината, се она шо ја прави да биде ТАА
+ добар соговорник и добра во кревет.
 
Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Интелегенцијата пред се, погледите, длабоки очи кои продираат,мирисот, насмевката обавезно и однесувањето, некое специфично што го опишува само него. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and parvati

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Не можам да кажам што највеќе би ме привлекло кај машкото.
Може да ми се допадне физички некое машко а да е тапа во карактерот и баш да е досаден.Неќам досадни машки или пак оние што летаат во облаци и мислат дека баш секоја можат да ја имаат.:mad:
Сакам карактер,машко што знае што сака од животот и има цел во него.
Може и добро газе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мортидо

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Карактер, смисла за хумор, начин на изразвање. И тоа замисли уште на пв поглед.

Шега на страна, за да има приввлечност од прва рака мора да е убаво на око. А убавината е субјективна и зависно од концепцијата, градбата, склопот, сосема различна. Не постојат почетни вредности. Тие се гадат тек отпосле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mardy Bum

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Немам некој посебен тип на мажи што ми се свиѓа.
Најбитно ми е да знае да ми направи муабет, да го употребува мозокот, карактер, смисла за хумор, харизма, и очите дефинитивно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed