Што би направиле ако во моментот би имале 100.000 евра?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ма, вие дајте ми ги парите, па после јас што ќе правам, ич да не му ја мислите. :D
Би дала солидна сума на мајка ми, како благодарение за она што правела за мене досега.
Сега, како што најголемиот дел од времето живеам сама, би си го преуредила станот во некој мој стил, би вложила во некој онлајн бизнис, можеби би тргнала некој помал дел во банка да ми збира камата, би патувала на големо, знам дека солидна сума би ми отишла на карти за концерти, би си купила една purple widow и опрема за истата.
Хм, алишта...со многу нитни!
И тука веќе банкротирам. Чао.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
еден стан пиц пец среден за мене, еден помал за рентанје...некоја мала кола и ќе одам да ја видам Куба, Англија и Ирска..остатокот орочен на банка и ќе си ја подигам каматата месечно за да си уживам во животот...
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Да имам толку пари во моментов, прво и најбитно би му купила стан на брат ми.
И тоа е малку, во споредба се што има направено за мене.
После од останатите пари, на моите би им уплатила еден одмор.
А јас, со тоа што останува би шетала сегде.
И не би се враќала.
Прво Барселона, магијата на Зафон, па после останатите земји што сакам да ги видам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and parvati

Abe CreP

Истакнат Член
14 февруари 2012
111
84
328
28
Би ги инвестирал во нешто , како на пр . бизнис со ресторани , и така на "ризик" би требало да ги зголемам, дури после би размислувал што би правел со нив ;)
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
А јас ќе кажам што си правите сите филмови кога никој ги нема тие пари (моментално) :D Едно е да имаш сонови цели и да сакаш, ама барем потрудете се да ги направете тие пари и остварете вашите цели, Почнете СЕГА!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Прво не се 100к евра многу пари...
Како што спомна Шмекси или би ги инвестирал во акции или би ги ставил во банка орочени на краток период...
Орочени на 1 месец. Би ги ставил во 5 банки по 20к евра со цел и да пропадне 1 од тие банки да не ги изгубим парите (знам читав дека за парите гарантира НБРМ до 20к евра 90 %). Ако би пресметал, грубо земено од сите банки поединечно месечна каматна стапка за 1 месец од 0.9 % до 1.1 % или да заокружим за сите 5 - 1 %, би земал камата од 1000 евра месечно.
Ако до сега скромно живим со 250 евра месечно, со 1000 евра месечно би ми било премија. Би живеел само од каматата, ништо не би работел... Би се запишал на разни курсеви, од учење на боречки вештини, латино-американски танцеви, народни ора, до свирење гитара или некој др инструмент.
Со тек на време кога би имал повеќе пари од каматата, би ги орочувал на повеќе месеци со цел да имам поголема камата.

Би ја прошетал цела Македонија. И нашава татковина има толку многу убавини, ама како што сте тргнале сите „туѓото е послатко“ тешко дека ќе не биде... За тие пари нашиот стандард е добар, отколку во странство, каде што би ти требало 3-4 пати повеќе дневница отколку што би потрошил во Македонија.
А за тие што велат би заминал од државава и не би се вратил, не дека сум кој знае колкав патриот, од твојот роден крај, твојата татковина, град, маало... и да зборуваш на својот мајчин јазик - нема нешто поубаво.
 

iskra

Староседелец
21 октомври 2011
204
301
1,063
Прво за да добиеш папири за купување на стан во Виена (зборам во градот, не во ГГ, Лисиче, Орешани) ти треба мноогу време (во години се пресметува). После тоа ти требаат и пари да подмачкаш ваму-таму-онаму. Е сеа за ЦГ. Точно, покрај море местата се многу поскапи од, да речеме Мојковац, колашин, Пљевља кои сепак се да не речам полумртви преку година. Dare 80 000? хммм само градбата да ја откупиш? пошо едно е откупување, друго е да ја имаш со поседовен лист. Плацевите покрај море се со висока цена, а 10 км од море е веќе се смета за морско добро. За плацеви и куќи знам како стојат цените, пошо нон стоп се судруваме секоја година со истите муабети како некој продал куќа на сам брег (зборам за Бока которска) за 500 000 до 1000 000.
Цените се тие. Кај нас становите се висока цена, ама ако имаш лова моеш во рок од месец дена да го поседуваш.
Е па дечки...продавам плац во ЦГ...па јс сум била богата, а не сум знаела...хахахахха