Фан клуб на Арсенал

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Има еден, уште се опоравува од шокот. Почнува на П, завршува на -ортсмут. Се надевам нема да ја има таа судбина клубот.
Деновиве се сѐ погласни гласините дека Тухел е во преговори со Аесенал, не сум баш нешто оптимист дека е тој правиот човек. Сметам дека моментално е потребно да се најде фундаменталист кој ќе го постави стилот на игра наместо евтини менаџери кои ќе експериментираат 50 утакмици со различни состави. Исто така е потребно бафало бил да почне да се грижи за клубот и да донесе скаути, спортски директор и да се вложува во младинските тимови. Не ми се верува дека Венгер беше one-man band и секогаш успеваше да биде на самиот врв на лигата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Неочекуван триумф над Челзи, ќе видиме како ќе пројде овој период, како и да се земе ќе мора нов менаџер со визија на долгорочен план, она што управата мислела дека е Артета (а не е), зошто мислеле дека лик со никакво искуство во менаџирање ќе го врати еден Арсенал на стари патеки е нејасно. Сега се споменуваат разни имиња, шпекулации, никогаш ваков хаос не бил во клубот. Само да не убодат некој жабар кој ќе игра бункери и со тоа и целосно да го избрише имиџот на клубот засекогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
2 победи во низа, радост :rofl
Радостиве личат ко за QPR да станува збор, а не Арсенал.

Инаку сѐ ми мириса дека многу скоро ќе се променат стандардите во договорите на играчите со клубовите. После испадите на Чилвел, општата незаинтересираност во Арсенал, тромавоста во Јунајтед итн, ми изгледа дека клубовите во ПЛ ќе престанат да даваат богати договори без да бараат минимален учинок.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
2 победи во низа, радост :rofl
Радостиве личат ко за QPR да станува збор, а не Арсенал.

Инаку сѐ ми мириса дека многу скоро ќе се променат стандардите во договорите на играчите со клубовите. После испадите на Чилвел, општата незаинтересираност во Арсенал, тромавоста во Јунајтед итн, ми изгледа дека клубовите во ПЛ ќе престанат да даваат богати договори без да бараат минимален учинок.

А што направил Чилвел?
Колашинац отиде на позајмица во немачка, типот заборави да игра фудбал, млад е за сенилност, не знам што бидна со Сократис, наводно кооонечно ќе се ослободат од чирот наречен Озил, само да не изгубат од Биг Сем тоа ќе е комедија...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
А што направил Чилвел?
Колашинац отиде на позајмица во немачка, типот заборави да игра фудбал, млад е за сенилност, не знам што бидна со Сократис, наводно кооонечно ќе се ослободат од чирот наречен Озил, само да не изгубат од Биг Сем тоа ќе е комедија...
Си тераше лабаво додека губеа па си се гушкаа со Грилиш и Сака, си го живее сонот легачки :D

Вчера после којзнае колку време мерачки гледав утакмица. Колку само потсеќаа на Венгеровите акции во прво полувреме. И среќа што 2-1 беше офсајд, мислам дека ќе пропаднеа :) Ете тоа е голема лекција што Артета треба да ја научи, не се игра само едно полувреме.
За Обамејанг ми е криво ептен, два пати за малку закасни и на крај се изнервира. Има жар, има желба ама не е тој за ваква формација. Во Дортмунд даваше по 15 голови на полусезона затоа што му даваа топки во празно напред и му ја користеа брзината како што треба. Се надевам ќе се врати, 2-3 голчиња и ќе биде like a new signing :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Артета засега успеа барем психолошки да го стабилизира клубот. Сега веројатно ќе следува една чистка од пропаднати играчи и оние кои не се пронајдоа во играта. Кога ќе ми текне дека пред 5 години се дадоа 70 милиони за браќата, и те како лошо менаџирање со клубот е тоа што доведе до вакво пропаѓање.
Денес со Касл е шанса за комплетно враќање :) ФА куп е можеби единствено достапна титула сезонава, да се надеваме дека Артета ќе ја собере и ќе тргне по стапките на Венгер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Киеран Тирни, селтиково дете(inlove), грабеж на деценијата, коа викав дека ќе биде подобар од Робертсон ми се потсемеваа. Штета што Обамејанг уште не е во форма на сите оние асистенции од Тирни треба барем 2-3 гола да паднат. Во 120-та минута прави шпринтови напред :kafe
Конечно Смит-Роу добива шанса иако требаше уште пред две сезони а не да го праќаат по позајмици и да носат ликови ко Вилијан. Малку и среќа со Лено и Керол па уште и црвениот со ВАР, оној Брус е од категоријата на Тони Пјулис бункер и високи топки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Тирни е грабеж на деценијата па можда и на две децении :D
Обамејанг е страшен играч само што формациите што ги играат наследниците на Венгер ама ич не го користат потенцијалот негов. Многу повеќе би сакал да видам класична 4-4-2 со Лаказет Fox-in-the-box и Обамејанг оставен да истрчува во празно на топки далеку од него и целата противничка одбрана т.е. контри и полуконтри.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тирни е грабеж на деценијата па можда и на две децении :D
Обамејанг е страшен играч само што формациите што ги играат наследниците на Венгер ама ич не го користат потенцијалот негов. Многу повеќе би сакал да видам класична 4-4-2 со Лаказет Fox-in-the-box и Обамејанг оставен да истрчува во празно на топки далеку од него и целата противничка одбрана т.е. контри и полуконтри.

Вечерва после успешен егзорцизам се врати на сцена Обамејанг со два гола, каква е чудна и бизарна оваа сезона и Арсенал со цела таа серија порази пред нова година сеуште е во игра ако не за ЛШ тоа за ЛЕ секако, само да продолжат со оваа серија, штета за двата бода со Палас...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
И уште еднаш, Саутемптон. Како тргнаа последниве 7-8 години ривали ќе станат со светците :)
Зачудува фактот што огромен дел од клупата се неподвижни желки без мотивација и врвен достиг им е да лапаат голема неделна плата и по можност да си седат само на клупа.

Од позитивните работи конечно гнојот се чисти. Само да не се замени со нов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider