Фан клуб на Арсенал

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,036
5,579
1,683
Disco
И уште еднаш, Саутемптон. Како тргнаа последниве 7-8 години ривали ќе станат со светците :)
Зачудува фактот што огромен дел од клупата се неподвижни желки без мотивација и врвен достиг им е да лапаат голема неделна плата и по можност да си седат само на клупа.

Од позитивните работи конечно гнојот се чисти. Само да не се замени со нов.

Вечерва освета за ФА куп поразот, сега мора апсолутно мора да се добијат м.јунајтед, можеби најодвратниот тим во сите 4 профи лиги во Англија, како знаат и умеат ако се врати Тирни таман Седрик да игра на десен бек, не знам што ќе биде со Обамејанг без разлика, ги победија во гости конечно, зошто не и дома.

Некој си норвежанец од Реал позамјиле, Одегард мислам се вика не знам ништо за типот, плус конечно солиден бекап голман Мет Рајан австралијанецот.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,036
5,579
1,683
Disco
Која е поентата да постои најгледана фудбалска лига на планетата а во неа аматери/семи-про судии кои со секоја нова сезона копаат ново и ново дно, заглибуваат се подлабоко во калта на неспособноста и незнаењето. На мечот Вулвс-Арсенал се случи опасен преседан каде судијата директно го одлучи исходот.
Која е поентата од ВАР ако судијата не оди да види на екран што се случило? Онакви одлуки се срамотни. Во полувреме во кое ни самите Вулфс не знаат како беше само 0-1 а не 0-4 до крај на полувреме, судијата наместо предвидени 2 минути продолжи 3 поради причина позната само нему и на pickata na majka mu koja go okotila.
Онаков бот треба да се оддалечи од фудбалот и да разгледа можност за суицид. Која морончина тоа е страшно.
И во таа екстра минута нормално, се случи тоа што се случи.

Не само правилата за пенал и црвен туку и правилото офсајд треба да претрпи сериозни измени како што било во 1920-те кога е направена револуција со офсајдот, имено тогаш било офсајд ако противнички играч бил поблиску до голман од два играчи на противникот (?!). Новите правила кои важат и денес се однесуваат за само еден играч кој го држи противникот он-сајд.
Офсајдот мора да биде ревидиран при што офсајд би се судело само доколку играч е целосно офсајд со било кој дел на своето тело. Значи не прст, нога, стапало, рака него да има простор меѓу него и последниот играч на противникот. Било кој дел од тело на противникот би го држел играчот онсајд.

Повеќето правила се донесени пред 160-170 години и не соодветствуваат на условите, времето ги прегазило.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,419
9,128
1,683
Кушкундалево
Од кога е воведен ВАР има сериозни штетни одлуки против Арсенал. Да не навлегуваме многу во теории на заговор ама кога се навраќам на муабетите на Венгер за сезоната кога победи Лестер дека само поради острите критики кон судиите не зема титула Арсенал, сѐ повеќе ми имаат смисол. И далеку од Англија уште е нивен критичар. Доволен показател за очајот во судскиот систем на ФА е бројот на судии кои ги викаат на големи меѓународни натпревари. Исто така голем проблем се двојните аршини кога пример Пикфорд му ја заврши кариерата на Ван Дајк и не доби казна, додека Луиз со (ајде да кажеме) минимален контакт, и тоа ненамерен, добива 3 меча суспензија. Врв на цело ова е поништување на црвениот на Саутемптон после жалба од клубот и одбивање на жалбата на Арсенал за црвениот на Луиз.
Одамна не сум видел вакво нешто кон Арсенал, ме потсети на мечот со Јунајтед кога беше прекината низата на Инвинсиблс.

Како и да е, сметам дека и од клубот се премногу нежни кон ФА и многу лесно прифаќаат казни, па дури и тие што се незаслужени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,036
5,579
1,683
Disco
Од кога е воведен ВАР има сериозни штетни одлуки против Арсенал. Да не навлегуваме многу во теории на заговор ама кога се навраќам на муабетите на Венгер за сезоната кога победи Лестер дека само поради острите критики кон судиите не зема титула Арсенал, сѐ повеќе ми имаат смисол. И далеку од Англија уште е нивен критичар. Доволен показател за очајот во судскиот систем на ФА е бројот на судии кои ги викаат на големи меѓународни натпревари. Исто така голем проблем се двојните аршини кога пример Пикфорд му ја заврши кариерата на Ван Дајк и не доби казна, додека Луиз со (ајде да кажеме) минимален контакт, и тоа ненамерен, добива 3 меча суспензија. Врв на цело ова е поништување на црвениот на Саутемптон после жалба од клубот и одбивање на жалбата на Арсенал за црвениот на Луиз.
Одамна не сум видел вакво нешто кон Арсенал, ме потсети на мечот со Јунајтед кога беше прекината низата на Инвинсиблс.

Како и да е, сметам дека и од клубот се премногу нежни кон ФА и многу лесно прифаќаат казни, па дури и тие што се незаслужени.

Треба да има правило за реципроцитет, пример Пикфорд го осакати Ван Дајк и овој паузира икс време, исто толку време да биде и казната за сторителот. Кога ќе се врати Ван Дајк тогаш и Пикфорд. Е тогаш ќе се контролираат со тоа копитата малку повеќе.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,419
9,128
1,683
Кушкундалево
Последните неколку утакмици веќе се гледаат идеите на Артета. Одегард мислам дека дојде во прав момент и веќе со него има агилна средина и простор за Обамејанг како истурен шпиц. Штета што баш сега па Обамејанг е вон форма. За со Сити се спремам за пораз уште сега, само да не е некоја разлика 5-0, 6-1 и сл. :zelen
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,036
5,579
1,683
Disco
Утакмицава со Бенфика ќе биде интересна ситуација, последна шанса за спасување сезона, откако во ПЛ,ФА и ЛК нема да биде ништо. Тек сега се гледа величината на Венгер. Не верувам да има фан на Арсенал кој не би се менувал со најлошата сезона на Венгер со ова што е сега.
 

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
11
9
103
Да не постоеше Арсен Венгер, ќе требаше некој да го измисли за Арсенал да порасне како клуб низ текот на годините. Тренерот кој успеваше да биде во топ 4 екипите и тоа често со просечни играчи со кои друг тренер тешко дека ќе го имаше неговиот успех. Арсен Венгер е ,,најголемиот виновник '' што Арсенал доби нов и модерен стадион. Лошата политика на газдите на клубот и спортските директори доведе до тоа Арсенал да го загуби своето место во топ 4 екипите во Англија и местото во ЛШ. Оваа сезона со Артета кој се труди да изгради свој тим е промашена во секоја смисла. Ќе му е потребно време на Артета да ја спроведе својата фудбалска идеја и визија за тоа како би требало да изгледа Арсенал. Во оваа сезона доколку Арсенал не заврши во топ 10 екипите ќе биде тотален неуспех од секој аспект. Мислам дека ќе останат и без освоен трофеј. Бидејќи сметам дека во ЛЕ со ваква екипа тешко дека може да стигнат до финале, а не пак да го освојат натпреварувањето. Само се надевам дека Артета ќе го врати оној стар Арсенал со својата фудбалска магија и креативни играчи од средниот ред. Онаа течна и прецизна игра која го красеше Арсенал низ годините.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,036
5,579
1,683
Disco
Не сум сигурен колку е Артета менаџерот кој може да го врати сјајот на Арсенал и препознатливата игра, од ова досега покажано не ветува особено, 11 место со овој ростер е срамотна позиција, уште ако се има предвид бизарната сезона тоа делува уште пострашно. Мојс и Вест Хем делуваат недостижно оваа сезона, тоа кажува доволно.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,419
9,128
1,683
Кушкундалево
Една, ама баш една утакмица немам изгледано без да пцујам по играчи и да си се смешкам оти тимот за кој навивам има водство.

Инаку за Артета несомнено е дека има квалитет и има идеи човекот. Наследи гној, мораше да испушти одличен голман, да се справува со психички скршен тим и тоа среде пандемија. Ме радува што барем одбраната е средена. Мислам дека наредната сезона ќе се видат многу подобро квалитетите негови кога ќе почне да си гради тим.

Венгер го изеде времето. Не постои фан на Арсенал кој не го слави Венгер, ама реалноста е дека неговите концепти не ги биваше повеќе во ова време. Со него почна оваа криза за топ4 и еве три сезони покасно уште не се ни блиску до топ4.
 

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
11
9
103
Изненаден сум што ја поминаа Бенфика во ЛЕ. Изненаден сум бидејќи очекував многу лоша игра, по онаа летаргична игра против Манчестер Сити. Разочаран сум од одбраната поточно од Давид Луиз и сметам дека треба да донесат подобар стопер и да се ослободат од Давид Луиз. Сега уште да ги посака ждрепката па да им се падне Славија Прага и да поминат полесно во наредна фаза. Инаку имам чувство дека Манчестер Јунајтед или Тотенхем ќе ја освои ЛЕ.