Фан клуб на Арсенал

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Една, ама баш една утакмица немам изгледано без да пцујам по играчи и да си се смешкам оти тимот за кој навивам има водство.

Инаку за Артета несомнено е дека има квалитет и има идеи човекот. Наследи гној, мораше да испушти одличен голман, да се справува со психички скршен тим и тоа среде пандемија. Ме радува што барем одбраната е средена. Мислам дека наредната сезона ќе се видат многу подобро квалитетите негови кога ќе почне да си гради тим.

Венгер го изеде времето. Не постои фан на Арсенал кој не го слави Венгер, ама реалноста е дека неговите концепти не ги биваше повеќе во ова време. Со него почна оваа криза за топ4 и еве три сезони покасно уште не се ни блиску до топ4.

Како е тоа несомнено, кога ликот го има најлошиот лигашки пласман во последниот пола век? Што тоа дава надеж во иднината?
Самиот тој спомена дека лани 8.место и освоен ФА куп не биле доволно за Арсенал, оваа година ќе има освоено ништо и 10-13 место, што значи дека не успеал да ги оправда своите стандарди.
Мартинез можеа да го задржат, а оној бламот со некој си Салиба, најскап играч во историјата кој немал ниту една минута за сениорски тим, тоа е недозволиво.

Изненаден сум што ја поминаа Бенфика во ЛЕ. Изненаден сум бидејќи очекував многу лоша игра, по онаа летаргична игра против Манчестер Сити. Разочаран сум од одбраната поточно од Давид Луиз и сметам дека треба да донесат подобар стопер и да се ослободат од Давид Луиз. Сега уште да ги посака ждрепката па да им се падне Славија Прага и да поминат полесно во наредна фаза. Инаку имам чувство дека Манчестер Јунајтед или Тотенхем ќе ја освои ЛЕ.

До која мера се паднати очекувањата на фановите на клуб како Арсенал, да не очекуваат да ја поминат некоја си Бенфика?!
А Олимпијакос?
 
187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
До која мера се паднати очекувањата на фановите на клуб како Арсенал, да не очекуваат да ја поминат некоја си Бенфика?!
А Олимпијакос?

Јас гледам само реално на ситуацијата, не сум субјективен. Искрено не очекував дека ќе ги поминат. Со Олимпијакос ќе биде килаво како што беше со Бенфика. Во поглед на изминатите дуели со Олимпијакос, скоро секогаш резултатот помеѓу овие две екипи бил тесен.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас гледам само реално на ситуацијата, не сум субјективен. Искрено не очекував дека ќе ги поминат. Со Олимпијакос ќе биде килаво како што беше со Бенфика. Во поглед на изминатите дуели со Олимпијакос, скоро секогаш резултатот помеѓу овие две екипи бил тесен.

Очекувањата од клубот меѓу фановите се поинакви отколку пред само 5-6 сезони, да не споменувам 10+ сезони, лоша траекторија има Арсенал нажалост.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Како е тоа несомнено, кога ликот го има најлошиот лигашки пласман во последниот пола век? Што тоа дава надеж во иднината?
Самиот тој спомена дека лани 8.место и освоен ФА куп не биле доволно за Арсенал, оваа година ќе има освоено ништо и 10-13 место, што значи дека не успеал да ги оправда своите стандарди.
Мартинез можеа да го задржат, а оној бламот со некој си Салиба, најскап играч во историјата кој немал
Она што се шпекулира и има многу смисла е дека до декември Артета имаше турбуленции во соблекувалната, кланови и играчи кои се свртеле против него. Можеби е случајно ама откога се исчисти гнојот на клупа многу појасни се идеите негови и полека заличува играта на тоа што треба да биде.
Нормално дека моменталната позиција на табелата е лоша и сите знаат дека не е тоа нивото на играчите што ги имаат но тоа е што е. Имаше чести промени и во управата што дополнително ја влоши ситуацијата и остава лоша дамка врз Артета. Наредната сезона ќе биде поверодостојна за него, или ќе го биде или не.
Мартинез имаше услов да биде прв голман и бараше минутажа. За неговиот квалитет нема збор, но сигурно таму знаат да проценат дали Лено или Мартинез треба да биде прв.
Салиба не беше негов трансфер, а и гледам во Франција не е баш нешто нај нај :)
 
Лено не е лош голман, проблемот беше што Лено не сакал да биде резерва и да брани по ФА/ЛК/ЛЕ што пак значи 20-тина утакмици годишно. Како мислиш Салиба не бил негов трансфер? Платија 27 милиони за играч кој ниту еднаш не се најде не само на меч него воопшто на ростер за било кое такмичење, немам слушнато за таков пример досега а пратам фудбал со децении.
Друго што беше ова со Смит-Роу на крило не ми е јасно, кога човекот не е крило нит ќе биде некогаш, се знае дека кога игра позади шпиц е најкорисен, после нешто ротира со Пепе и Сака им менува страна, претерано е после три периодни рока и толку време сеуште се бара стартен состав.
Ќе видиме, 90% ќе го остават и наредна сезона плус ќе има уште еден преоден рок на лето иако не гледам некои движења напред, освен ако не освои ЛЕ тоа би било сериозен знак дека нешто се случува, среќа што одат на Олимпијакос макар да сигурен сум ако поминат двете, ќе имаме ист-Лондон дарби во 1/4 ф. пошто уефа...
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Лено денес најмалку три пати покажа колку добар голман е. И јас не го сакав на почеток кога го донесоа ама сезонава Лено блеска.

Утакмицава слободно може да ја делегитимира цела ФА управа.
Дека Арсенал не победи поради свои грешки, се сложувам. Имаа најмалку 5 шанси пред голман барем една можеше да биде гол. Дека Џака е говно и не смее да припари до Арсенал, се сложувам.
Ама вакви криминални одлуки, при очи слеп правење апла... Немам видено вакво нешто. Да бев Артета или ќе направев скандал и ќе ги потепав судиите или ќе го викнев цел тим да напушти терен.

@Outrider ќе ти пишам одговор на цитатот покасно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не еднаш него двапати тој касапот од Барнли играше со рака, вториот пат ја водеше како во кошарка бе ццц...под итно треба да се воведе фул профи судиска организација а не некои дебели доодени чиновници ама тоа е за жал глобален проблем во фудбалот и нема лига или такмичење за кое може да се каже дека има квалитетно судење. Време е да има рангирање на судии со стимул во форма на дебела пара, пример најдобрите да земаат по 20К неделно (колку што зема некој антиталент на клупа во Брајтон пример) ама тоа е цела нова тема...како и да е, не може вака понатаму, се повеќе се срозава судискиот момент, равно до дна.
 
187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Добар резултат за Арсенал по првиот натпревар во ЛЕ. Ама реално вчера имаа многу среќа. Да беше некоја посериозна екипа, вчера ќе загубеа убедливо. Ама Олимпијакос промаши еден мал милион чисти шанси. Па и оној Себаљос каква глупава грешка направи, не е ни чудо што ниту во Реал не го сакаат. Сега само треба да се одигра рутински и да поминат во наредна фаза.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Следува North London derby со евреите од Тотнем, нешто као Бејл повторно се повампирил, како знаат мора да ги добијат спарси, треба да се прекине гадната традиција на Хари Кејн да дава голови баш со Арсенал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пресврт против кокошките :frantic
После црвениот на Ламела малку панично во одбрана ама па 80 мин. доминираа и не застанаа да напаѓаат.
Она што мора да се подобрува е реализацијата, Лаказет и Сака мора да научат да погодуваат во голот.
Како знае Артета нека го убеди Кронке да го купи Одегард. Со оваа агилна средина целата игра стана потечна и поопасна во напад. Тирни, Сака, Белерин, Смит Роу и Одегард се ептен брзи и спретни со топка, штета е да се расипува таков тим. Фали уште некој безмилосен напаѓач ко Анри и да се врати клубот на врвот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider