Една, ама баш една утакмица немам изгледано без да пцујам по играчи и да си се смешкам оти тимот за кој навивам има водство.
Инаку за Артета несомнено е дека има квалитет и има идеи човекот. Наследи гној, мораше да испушти одличен голман, да се справува со психички скршен тим и тоа среде пандемија. Ме радува што барем одбраната е средена. Мислам дека наредната сезона ќе се видат многу подобро квалитетите негови кога ќе почне да си гради тим.
Венгер го изеде времето. Не постои фан на Арсенал кој не го слави Венгер, ама реалноста е дека неговите концепти не ги биваше повеќе во ова време. Со него почна оваа криза за топ4 и еве три сезони покасно уште не се ни блиску до топ4.
Како е тоа несомнено, кога ликот го има најлошиот лигашки пласман во последниот пола век? Што тоа дава надеж во иднината?
Самиот тој спомена дека лани 8.место и освоен ФА куп не биле доволно за Арсенал, оваа година ќе има освоено ништо и 10-13 место, што значи дека не успеал да ги оправда своите стандарди.
Мартинез можеа да го задржат, а оној бламот со некој си Салиба, најскап играч во историјата кој немал ниту една минута за сениорски тим, тоа е недозволиво.
Изненаден сум што ја поминаа Бенфика во ЛЕ. Изненаден сум бидејќи очекував многу лоша игра, по онаа летаргична игра против Манчестер Сити. Разочаран сум од одбраната поточно од Давид Луиз и сметам дека треба да донесат подобар стопер и да се ослободат од Давид Луиз. Сега уште да ги посака ждрепката па да им се падне Славија Прага и да поминат полесно во наредна фаза. Инаку имам чувство дека Манчестер Јунајтед или Тотенхем ќе ја освои ЛЕ.
До која мера се паднати очекувањата на фановите на клуб како Арсенал, да не очекуваат да ја поминат некоја си Бенфика?!
А Олимпијакос?