Фан клуб на Арсенал

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Од досега покажаното на пријателски ич не ми влеваат надеж за враќање на врвот на табелата. Бен ми изгледа на лош трансфер за сега, многу хаотично се движи и понекогаш ги збунува соиграчите со што отвора дупки. Средината... Очај, чемер и јад. Нападот исто така. Артета сезонава мора да созрее и да ги исправи малку, самодовербата на играчите им е на многу ниско ниво.

Друго нешто што не разбирам е зошто на Џака му се даде нов договор со поголема плата? Со што заслужи такво нешто? Буквално од кога Џака стапна во Лондон, Арсенал немаат помирисано топ4.

Сите пренесоа дека Џака отишол во Рома и си реков ете готово конечно и со качакот кога пред некој ден из ведра неба бам=нов договор!? Демек јако изиграл на ЕП не знам што, каква врска имаат неколку партии за Швицарска и пет сезони го пробива дното во Арсенал.
На сто штопери купија уште еден.......штопер. А ужасно фали креација, 10-ка, некој кој ќе повлече напред, ништо од тоа.
Не знам дали има воопшто управа Арсенал или некој алгоритам им ги крои плановите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Same old same old. Ben White... Минута молк за тие што мислеа дека ова е супер трансфер и баш во одбрана треба да се трошат пари.
tenor.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Смит-Роу која партија :frantic:frantic
Совршено прво полувреме во норт Лондон дарби, евреите не знаеја каде се наоѓаат.
Второто послабо ама сосема доволно да се одржи предноста. Рамсдејл и Томијасу сега засега делуваат како одлични трансфери, се надевам на континуитет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Почело је почело 3/3 на старт, прво место, идемо даље со Фулам и Вила а следи М.Ј. по нив, дајте Роналда да се играмо. :frantic
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И после 7 кола Арсенал на врвот! Се ближи четвртина на сезоната а наредни две кола се со Тотнем и Ливерпул на домашен терен. Со евентуални победи навистина ќе биде јасно дека Арсенал јуриша на титула. Па здравје таму крај на октомври ќе играат и со Сити, најголемиот тест досега.

Етан Нванкву стана најмалд играч во ПЛ и во сите топ 5 лиги во Европа во историјата, влегувајќи како замена на свои 15 годинки и 183 дена.Се надевам дека ќе бидне добар играч од него, па има добри 20 сезони пред него во профи фудбал на највисоко ниво. Само да не удри слава во глава, ете сега прва година средно, домашни задачи а тој треба да тренира и игра фудбал. Соучениците ќе му завидуваат до даска лол.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
1/4 од сезоната заврши, Арсенал прв со 4 бода предност пред М.Сити и Тотнем. Кој би рекол.
Макар да победата над Лидс беше необјаснива, понекогаш треба да се добие нешто и на тој начин.
Арсенал прв ееј...:frantic:frantic:frantic
Наредна во ЛЕ со ПСВ во четврток, и таму е 3 од 3, прво место во група носи директ во 1/8 ф. а вториот игра плеј оф со тие кои доаѓаат од ЛШ, две утакмици помалку што значи многу во згуснатиот распоред пост СП.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Дури вирее форумов да споменам дека Арсенал е на пат да ја освои ПЛ, прв пат после 19 години, нешто кое никој не го очекуваше, најголемо изненадување после Лестер и Блекбурн, Артета созрева како тренер, екипата е сложна и уиграна, со неколку засилувања може да станат светски тим.