Фан клуб на Арсенал

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Себаљос беше грешка што го земаа уште една сезона, Парти до сега е флоп ама би му дал време и би го критикувал од наредна сезона.
Артета дури и да освои ЕЛ прашање е дали заслужува да го води клубот. Ако зимово се понадевав дека има идеи и елан да го врати Арсенал кон врвот, веќе гледам дека нема авторитет кај играчите за да му ги следат идеите што за менаџер е најголем пораз.
На таа игра во четвртокот гуд ебенинг требаше петарда да спука, ама среќа не се сменил па чуваше 2-0 и му се одби од глава. И мило ми е што веќе не е во Арсенал, нема психа да додржи предност човекот.

Покрај тоа со спотифај кое не верувам дека ќе се оствари само по себе затоа што во пандемија не се продава, во Британија има сериозна најава за закон за ограничување на 50% посед од акциите на фудбалските клубови за поединец кое дојде после скандалот со суперлига. Тоа би значело дека секој клуб ќе мора да има борд на директори, а за Стен Кронке дека ќе мора да продава. Секако дури и да се случи тоа нема да биде преку ноќ туку сигурно ќе се развлече најмалку година дена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Разочаран сум од тоа колку е лоша сезоната. Само лошо е што изгледа дека доаѓаат полоши времиња за Арсенал. Убеден сум дека наредна сезона ќе играат само во ПЛ и дека оваа сезона нема шанси да обезбедат настап за наредна сезона во ЛШ преку ЛЕ или пак ЛЕ преку ПЛ . Иако за ова второто имаат солидни шанси, со оглед на распоредот на натпревари на другите екипи.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Сега има и некаков ревамп на куп купова нешто Конференциска Лига веројатно и ЛЕ и ова новото КЛ ќе бидат преку табела, пошто ЛК е за Ман.Сити а ФА ќе биде меѓу Лестер (ако не направт дно како лани) и Челзи па тие ќе бидат најверојатно во топ-4. Е сега Англија има 3 во ЛЕ и само 1 во тоа КЛ (не ми е јасно како е тоа можно Израел да има 3 во КЛ а Англија 1) што значи 5,6,7 ќе одат во ЛЕ а 8 во КЛ, тоа значи треба најмалку 8. за еуро-настапи догодина, макар било против Макаби и Хапоел и слични некакви обиди од клубови, моментално е 9.Арсенал а најголеми ривали за 8. ќе бидат Лидс, Евертон и Вила (Вест Хем и Ливерпул и Тотнем 5-7), се потешко ќе биде да се обездедува било каков еуто-настап како што тече време еееееееее Венгер што правеше со кои состави секоја година 20 по ред ЛШ.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Себаљос беше грешка што го земаа уште една сезона, Парти до сега е флоп ама би му дал време и би го критикувал од наредна сезона.
Артета дури и да освои ЕЛ прашање е дали заслужува да го води клубот. Ако зимово се понадевав дека има идеи и елан да го врати Арсенал кон врвот, веќе гледам дека нема авторитет кај играчите за да му ги следат идеите што за менаџер е најголем пораз.
На таа игра во четвртокот гуд ебенинг требаше петарда да спука, ама среќа не се сменил па чуваше 2-0 и му се одби од глава. И мило ми е што веќе не е во Арсенал, нема психа да додржи предност човекот.

Покрај тоа со спотифај кое не верувам дека ќе се оствари само по себе затоа што во пандемија не се продава, во Британија има сериозна најава за закон за ограничување на 50% посед од акциите на фудбалските клубови за поединец кое дојде после скандалот со суперлига. Тоа би значело дека секој клуб ќе мора да има борд на директори, а за Стен Кронке дека ќе мора да продава. Секако дури и да се случи тоа нема да биде преку ноќ туку сигурно ќе се развлече најмалку година дена.

Добро би било такво нешто ако е 50+1 сепак Арсенал без разлика каква криза е глобален Бренд, еден М.Сити не може да има глобал outrich како Арсенал иако е појак, потрофеен и побогат и што све не во послената декада.
Ама таа фан база беше изградена на инвинсиблс и венгербол, а сето тоа е денес неостварливо, нема глобалниот Арсенал да види веднаш опаѓање на фан база ама ако продолжат вака како ќе заразат нови генерации фанови? Тек за некоја година ќе се појават резултатите на дното на бизнисот на Кронке, сите го гледаат Арсенал како кеш-кау ама кешот ќе секнува, не само во ПЛ него и во Еуро-купови и во глобална продажба на опрема и фанство.
Нејлошо сценарио за ова со Спотифај е ако Арсенал победи во ЛЕ и се пласира во ЛШ директ, како ќе им дојде тоа на газдиве ццц...а како човек да не навива за да го елиминираат Гуд Ебенинг и да не освојат, ептен двојбена ситуација.
 
187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Сега има и некаков ревамп на куп купова нешто Конференциска Лига веројатно и ЛЕ и ова новото КЛ ќе бидат преку табела, пошто ЛК е за Ман.Сити а ФА ќе биде меѓу Лестер (ако не направт дно како лани) и Челзи па тие ќе бидат најверојатно во топ-4. Е сега Англија има 3 во ЛЕ и само 1 во тоа КЛ (не ми е јасно како е тоа можно Израел да има 3 во КЛ а Англија 1) што значи 5,6,7 ќе одат во ЛЕ а 8 во КЛ, тоа значи треба најмалку 8. за еуро-настапи догодина, макар било против Макаби и Хапоел и слични некакви обиди од клубови, моментално е 9.Арсенал а најголеми ривали за 8. ќе бидат Лидс, Евертон и Вила (Вест Хем и Ливерпул и Тотнем 5-7), се потешко ќе биде да се обездедува било каков еуто-настап како што тече време еееееееее Венгер што правеше со кои состави секоја година 20 по ред ЛШ.

Знам нешто слично е како Интертото куп што беше. Ама реално ако зборуваме овој тим не заслужува да игра ЛЕ или ЛШ. Распоредот до крајот на сезоната е добар само дали ќе освојат бодови за да обезбедат Европа и наредна сезона.

Распоредот на натпреварите:

Вест Хем: Евертон(Д), Брајтон (Г), ВБА (Г), Саутемптон (Д)
Тотенхем : Лидс (Г),Вулвс (Д), Астон Вила (Д), Лестер(Г)
Ливерпул: Саутемптон (Д), ВБА (Г), Барнли(Г), Кристал Палас (Д) и со Јунајтед ако се одигра.
Евертон: Вест Хем(Г), Астон Вила (Г), Вулвс(Д), Шефилд(Д), Манчестер Сити(Г)
Арсенал: ВБА(Д), Челзи(Г), Кристал Палас(Г), Брајтон (Д)
Астон Вила: Ман Јунајтед (Д), Евертон (Д), Кристал Палас (Г), Тотенхем(Г), Челзи (Д)
Лидс: Тотенхем (Д), Барнли (Г), Саутемптон (Г), ВБА (Д).

Од сите овие екипи најлесен распоред имаат Вест Хем и Ливерпул. Од тука ја гледам шансата на Арсенал да дојде до 7 позиција. Секако највеќе од нив зависи, ама се помалку од 9 бодови од овие 4 натпревари е разочарување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Гуд ебенинг го прати бившиот си клуб под мач !

Одамна немало ваква депресивна текма, што беше она не ми е јасно, бркаат еден единствен гол за пласман а играат како некој да им ставил пиштол на глава, и сега што ќе бркаат осмо место и ќе чекаат Евертон да фејлне, значи од 2015/16 кога беа втори зад Лестер, наредна 5 па 6 па 6 па 8 па сега 10.место постојан пад. Наредна 12-13 со ова темпо, си викам ваљда не може Арсенал да потоне толку.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Имаше и два црвени за Палас, некој лик со отворен ѓон влезе во Чејмберс а Бентеке лакто во глава со намера на Ел Нени.

Што правиме за утре со Брајтон? Победа на Арсенал и порази или нерешено на Тотнем и Евертон кои имаат тешки противници ќе значи учество во новата Конференциска Лига (КЛ)? Дали мислиш дека учество во неа е beneath Арсенал или тоа би била можност за разигрување на играчи кои ретко добиваат шанса (Балоган пример)?
Јас неам против основно поради тоа што рекордот за еуро-сезони нема да биде нарушен и после 27 сезони.
Освен тоа, Арсенал не може да се пофали со еуро-успеси, нема ЛШ и има само две титули во такмичења еквиваленти на ЛЕ, последното далечната 1994 ! Значи било каква еуро-титула (штета годинава што не успеаа) би била буст за напред.
 
Очекувам после да победат со Брајтон, имаат убава серија победи која треба да се задржи без оглед на исходот кој не зависи само од нив. Евентуален пласман во тоа интертото v2.0.би сакал да стигнат чисто за да ги разиграат младинците кои ќе добијат реална шанса за да се докажат и да заслужат влез во првиот тим. Ирелевантен ми е резултатот во таа лига, само сакам да видам реална шанса за младите, нешто што беше носечка сила во идеологијата на Венгер и го одржуваше клубот при врвот.
Во ера на Венгер, две загубени европски финалиња имаа против Барселона ЛШ и против Галатасарај (Шукер за малку :)) во Куп на УЕФА, со гуд ебенинг уште едно, и мислам дека во догледно време нема да имаат шанса за европски трофеј. Да бидам искрен радо би ги гледал на врв во Премиер Лига отколку европски трофеј.
Лестер со Тотнам во борба за ЛШ и ЛЕ, Евертон против Сити кои немаат никаква потреба да се замараат со утакмицата... Освен ако Евертон не зезнат скроз нешто, не верувам да изгубат тука.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Од досега покажаното на пријателски ич не ми влеваат надеж за враќање на врвот на табелата. Бен ми изгледа на лош трансфер за сега, многу хаотично се движи и понекогаш ги збунува соиграчите со што отвора дупки. Средината... Очај, чемер и јад. Нападот исто така. Артета сезонава мора да созрее и да ги исправи малку, самодовербата на играчите им е на многу ниско ниво.

Друго нешто што не разбирам е зошто на Џака му се даде нов договор со поголема плата? Со што заслужи такво нешто? Буквално од кога Џака стапна во Лондон, Арсенал немаат помирисано топ4.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider