Кристина ме потсети со постот
Не е воопшто смешно, тоа е најтешко затоа што не го согледуваш навреме.
Сите имаме поминато низ тешки моменти кои ни оставиле отисоци...
Мене само два збора ми го сменија животот... 02.10.2011... Не сакам да објаснувам суштина...
Ме пресече. Ме откорна затоа што ми значеше тоа. Се повлеков во себе, престанав да се смеам, пополека станав страшно агресивен неподнослив за сите, почнав со чајови за смирување - завршив со ракија... Исто, не сакав моите да дознаат низ што поминувам. Сепак, премоќно беше за да се сокрие! Се плашам кога ќе се сетам што бев станат. Година дена траеше периодот. Потполно ме собори, почнав да имам проблеми со работата на срцето, ми се уништи харизмата, способноста да привлечам многу внимание кон тоа што го правам, се испокарав со сите другари.... Да не должам...
Откако заврши, некако ми снема живост во мене. Станав поинаков. Сеуште желбата ми е слаба за многу работи, сеуште избувнувам пребрзо и пресилно, апелирам и внимавам колку можам да помогнам да не ја повтори некој друг истата ситуација... На моменти се потсеќам - полудувам одеднаш... Почнувам да се чувствувам како да ми е нанесена страшна неправда, добивам желба за одмазда...
ух.... некогаш кога ќе почувствувам дека е време ќе се отворам и јас на форумов, но до тогаш...