Јас сум ја отворила темата и почетната замисла ми беше да зборуваме колку и зошто ги гледаме луѓето со претрпени трауми како идни потенцијални социопати и психопати и дали и траумата што ја доживеале им засадила семе на одмазда и желба за освета кое со текот на времето може да израсне во сериозен проблем, т.е да ги претвори во свирепи и ладнокрвни убијци во најлош случај..
Т.е еве го воведот за тој што го мрзи да пролиста дури две страни
Трауми од детството
Т.е еве го воведот за тој што го мрзи да пролиста дури две страни
Ако сакате да споделите за вашите трауми, она што сте доживеале и како сте го надминале или не, има друга тема:Знам дека има тема за трауми од детството. Таму пишувајте ги вашите искуства и како тоа влијаело на вас, а тука сакам да зборуваме за нешто друго.
Како љубител на крими серии, емисии и филмови, не можев а да не заприметам дека секој негативец (без разлика дали е вистина или измислено сценарио) имал минато преполно со проблеми и тешкотии; бил злоупотребуван, физички и психички измачуван, бил оставен сам или доживувал големи загуби.
Пример, измислено сценарио: зборуваме за 10 годишно дете кое било константно сексуално злоупотребувано од учител.
Учителот е казнет, но последиците од тие трауми се со катастрофални размери.
После некое поголемо стресно доживување, во иднина, кај детево (сега веќе голем маж) се буди бесот што растел во него и желбата за одмазда станува толку голема што се претвора во сериски убиец кој убива учители за кои мисли дека се она што бил неговиот злоставувач.
( прост пример, а многу близок до вистинските настани )
Како вие ги доживувате и како размислувате за ваквите луѓе? Не сакам да ги етикетираме, ни омаложуваме, па ни сожалуваме. Само сакам да знам, колку од вас ако јас ви кажам дека сум имала стресно и трауматично минато ќе ме гледаат како темпирана бомба или како иден потенцијален убиец?
Колку мислите дека траумите можат да остават трајни и катастрофални последици?
Која е причината што во тие случаи жртвата се претвора во ловец?
Желба за одмазда, нарушен разум, гнев, бес?!
Не ме интересираат психолошки анализи и заклучоци од познати мислители и извадоци од Википедија.
Ме занима ваше лично мислење.
Трауми од детството