1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Трауми од минатото и нивното влијание во оформувањето на личноста

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Хоуп*, 13 октомври 2013.

  1. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Знам дека има тема за трауми од детството. Таму пишувајте ги вашите искуства и како тоа влијаело на вас, а тука сакам да зборуваме за нешто друго.

    Како љубител на крими серии, емисии и филмови, не можев а да не заприметам дека секој негативец (без разлика дали е вистина или измислено сценарио) имал минато преполно со проблеми и тешкотии; бил злоупотребуван, физички и психички измачуван, бил оставен сам или доживувал големи загуби.

    Пример, измислено сценарио: зборуваме за 10 годишно дете кое било константно сексуално злоупотребувано од учител.
    Учителот е казнет, но последиците од тие трауми се со катастрофални размери.
    После некое поголемо стресно доживување, во иднина, кај детево (сега веќе голем маж) се буди бесот што растел во него и желбата за одмазда станува толку голема што се претвора во сериски убиец кој убива учители за кои мисли дека се она што бил неговиот злоставувач.
    ( прост пример, а многу близок до вистинските настани )

    Како вие ги доживувате и како размислувате за ваквите луѓе? Не сакам да ги етикетираме, ни омаложуваме, па ни сожалуваме. Само сакам да знам, колку од вас ако јас ви кажам дека сум имала стресно и трауматично минато ќе ме гледаат како темпирана бомба или како иден потенцијален убиец?
    Колку мислите дека траумите можат да остават трајни и катастрофални последици?
    Која е причината што во тие случаи жртвата се претвора во ловец?
    Желба за одмазда, нарушен разум, гнев, бес?!

    Не ме интересираат психолошки анализи и заклучоци од познати мислители и извадоци од Википедија.
    Ме занима ваше лично мислење.
     
    На toby2, melpomena, Luckky и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Значи тебе идејава ти е:

    Иде Петкана и се запознаваш со нејзе. Низ разговор сфаќаш дека Петкана имала трауматично минато. (серијата прашања од Хоуп)


    Сум запознал неколкумина со трауматично минато. Сите до еден различна приказна. Јас сум спознал генерално 2 типа луѓе со трауми: луѓе кои отворено зборат за траумите и свесни се за истите и луѓе кои свесни се за траумите и се обидуваат што повеќе да ги прикријат. Она што мене ме интересираше беа нивните погледи кон општеството, во кого бараат вина за нивните трауми и дали воопшто бараат вина во некого, како размислуваат за својата иднина и сл. Не ги сожалувам воопшто, сметам дека тие имаат шанса да погледнат од малку поинаков агол кон светот, шанса која не е достапна на некој што не поминал низ трауми.

    Минатото и траумите се познаваат во луѓето. Секогаш има нешто чудно во нивниот поглед, во нивните изрази на лицето, понекогаш дури и во однесувањето. Како некој ќе се постави кон светот зависи од тоа колку може да се справи со своите трауми кои ги проживеал или ги живее. Повеќето или стануваат „одмаздници“ и сакаат да го казнат општеството што дозволило да им се случи тоа што им се случило или се повлекуваат длабоко во себе и одбегнуваат комуникации, понекогаш разговори околу тие теми можат многу да ги вознемират и да направат нешто кое никој не го очекувал.

    Мене не ми претставувало проблем да седнам на муабет со такви луѓе. Можеби ги гледам како непредвидливи, што би рекла Хоуп темпирани бомби, но свесен сум и јас дека никој не би сакал постојано да зборува за своите трауми и последиците од нив.
     
    На Outrider и Luckky им се допаѓа ова.
  3. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Или слушаш на вести уапсен е педофилот што ја силуваше Петкана, или одиш на фризер и слушаш муабет: татко и на Петкана ја уби мајка и.
    Насекаде можеш да дознаеш за траумите на Петкана, и ненамерно и случајно.
    Можеш и да ја познаваш лично Петкана, можеш и само да си слушнал за нејзе. Како сакаш.
     
  4. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    И тоа како има логика во ова што го зборуваш.
    Еве ќе го земам примерот за серискиот убиец во Кичево, новинарот Владо Толески, што убиваше жени на ист начин(силување, давење и фрлање во депонија). Причината зошто се убиени жените е: Имаат ист профил на живот со мајка му: Работеле како чистачки; слична градба на тело; биле останати вдовици; љубители сексот.
    Зошто бил гневен на мајка му? Бил гневен затоа што го тепала сиот свој живот и му оставила трауми, затоа што сите ја покажуваа со прст во градот...

    Не, нема да го гледам човекот што имал трауми во животот како потенционален убиец затоа што... не реагира секој исто. Факт е дека сериските убијци се луѓе со траума, но исто така факт е дека многу истрауматизирани луѓе не се способни мравка да убијат.
    Сѐ зависи од самиот човек, како ги доживува настаните како се справува со нив...
    Според мене клучен елемент тука е разговорот... ако човек е способен да разговара за своите трауми(не се срами од нив, затоа што нема што да се срами... тој не посакал да биде силуван, тој не побарал да му умрат сите родители, тој не сакал цел живот да трпи за јадење)нема да направи никакви лудории. Затоа што гневот кога го збираш во себе е опасен... ќе те направи агресивен човек... а ако го пуштиш слободно, ќе си ја ослободиш душата и нема убиства.
    Ова е мое мислење.... Не знам колку науката ќе се согласи за ова...
    А да, не е лошо да се пребара по интернетов, затоа што постојат цели статии од врвни истражувачи за оваа проблематика, ама бидејќи во воведот стои да нема податоци од Википедија не чепнав :)
     
    На beautifull liar, Prashina, Y1K991 и уште 1 член му се допаѓа ова.
  5. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Во врска со Википедија, зборот беше да се каже свое мислење а не да се изгугла нешто демек еве ова е одговорот, вака кажал тој и тој, таа и таа година, еве факти, цитати и мудри пословици. Во ред е вака, свое мислење да си поткрепиш со некој линк.

    Иначе за Владо Танески, јас бев сигурна дека е наместено, дека човекот не е убиец, се додека не го гледав документарецот на Манчевски и баш тоа што ме премисли беше профилирањето на Владо и споредбата на жртвите со мајка му, и неговиот однос со нејзе. На страна тоа што знаел детали од местото на злосторството кои ни самите полицајци не ги знаеле и најбизарната изјава на одбраната дека тие 40 влакна од Владо што биле најдени на една од жртвите ги дувнал ветерот..
    Еве го документарецот за муабетов, само кој го занима, ќе мора да ги прескокне првите два дела (или да почека). Приказната за новинарот Владо е на крај, во третиот дел.
     
    На Outrider, toby2, melpomena и уште 1 член му се допаѓа ова.
  6. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Јас сум сигурен дека тој беше убиецот. Ама не сум сигурен дека се самоуби. Што ми дава за право да се сомневам дека не ги убиваше жртвите сам.
    Исто така многу чудно ми е тоа со жена му. Тие беа на разведување или ако не беа на разведување дефинитивно го имаа прекинато сиот контакт. Тоа е факт. Не е трач. Не разговараа, Владо живееше сам и секогаш тоа го искажуваше јавно. Тоа ме збунува, затоа што на фимот жена му кажува друга приказна.
    Но, да не ја префрламе темата на друга насока, Владо Толески е цела една тема (баш добра идеа за друга тема, ако не те мрзи те молам да ја отвориш :) )

    Во прилог на она што го кажав дека сум читал многу добри истажувања на оваа тема ќе приложам неколку/ се извинувам што не се на македонски ама до сега не сум нашол ваква статија(очигледно затоа што полесно е да се преведува за тоа каква блуза носела Џеј Ло на последниот концерт):
    http://www.fbi.gov/stats-services/publications/serial-murder - добро би било кога би имал живци некој да го прочита ова.
    http://www.foxnews.com/scitech/2012/01/18/math-formula-may-explains-why-serial-killers-kill/ - за математичарите

    п.с. Се извинувам на ОГРОМНАТА грешка во презимето на Владо. Не е Толески, туку е Таневски.
     
    На beautifull liar и Хоуп* им се допаѓа ова.
  7. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,048
    Допаѓања:
    6,666
    Ми ја погоди темата. :giggle
    Невозможно е да се етикетира некој и да се даваат претпоставки каков би бил базирано на траума низ која минале.
    Воглавно, личностите или комплетно се опседнуваат со неа и помислата дека таму некаде постојат други, среќни личности кои го доживуваат сосема спротивното од она низ кое тие минуваат, или се фокусират да бидат целосно спротивни личности од оние кои им прават да се чувствуваат лошо, а преретки се оние на кои тоа речиси никако не влијае, или барем не покажуваат.
    Логично ми е дека околината го има влијанието врз тоа во која група ќе се најде индивидуата (збориме за помали години, ако се работи за дете во развој, кај возрасни е прилично потешко), така да, ако нашле некој што ги поддржува, теши и учи како да го извлечат најдоброто од тоа, подоцна може да се развијаат некои неубави чувства, но далеку од жед за убивање. Од друга страна, личноста која во процесот на развивање била изолирана од контакт со некој кој можел да помогне и утеши, најчесто се развива во социопат. Интересен е податокот што голем процент од убијците кои имале трауматични искуства во детството, уште „го мократ“ креветот при спиење, посебно доколку ги штрекне некој звук, слика, мирис, итн. што ќе ги потсети на траумата.
    Следново е научно откритие, но убаво е да се знае дека мозокот на социопатот функционира поразлично. Кај нив, орбиталниот кортекс кој се смета за „блокатор“ на амигдалата, и е одговорен за етичко и морално однесување, е значително помал, што ја остава амигдалата (т.н. ид делот од мозокот, одговорен за човековите апетити и агресии) во примарна функција.
    Други скенирања пак покажале дека емпатијата им се губи поради тоа што зборовите не се процесираат во нивниот лимбички систем кој е одговорен за емоциите.

    Сепак, непредвидливи сме. За причините, пред некое време читав „интервју“ со типац кому навидум не му фалело ништо, ама не добивал доволно внимание од своите, па уште од дете самувал и развивал фантазии поврзани со смрт, и истите ги манифестирал врз животни. Кога му починал некој близок, веќе почнал да се опседнува со помислата дека треба да убие некого, па со денови планирал како ќе го изведе тоа и што ќе прави отпосле.
    Прашан за причината, одговорот бил: My motives are a lot like Leonard Lake's. I just want someone that I can love and then put back in the closet. I want someone that can keep me company during those lonely nights, but having a normal relationship is not possible for me.
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Што си посеал тоа ќе си жнееш ! ;)
     
  9. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,263
    Допаѓања:
    9,105
    Самиот бираш што ќе бидеш. Можеш да дозволиш минатото да те обликува, или иднината.
     
  10. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,048
    Допаѓања:
    6,666
    А што според тебе посеало 5-6 годишно дете за да претрпува трауми од неодговорни родители?
    Или што посеале оние кои настрадале поради тоа што се вклопиле со делузиите на некој психопат, па да имаат толку плодна жетва?
     
    На x2b4y4, Bum-Bum, Аркантос и уште 4 други им се допаѓа ова.

Сподели: