Трауми од минатото и нивното влијание во оформувањето на личноста

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
А што според тебе посеало 5-6 годишно дете за да претрпува трауми од неодговорни родители?
Или што посеале оние кои настрадале поради тоа што се вклопиле со делузиите на некој психопат, па да имаат толку плодна жетва?

Трауми од минатото и нивно влијание во оформување на личноста
Значи пиши од минатото, минатото не е само детството, ама не мисам пак да се карам и зато БРАВО ВО ПРАВО СИ ! ;)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Трауми од минатото и нивно влијание во оформување на личноста
Значи пиши од минатото, минатото не е само детството, ама не мисам пак да се карам и зато БРАВО ВО ПРАВО СИ ! ;)
Не ѝ го одговори прашањето на дамата.
Те праша што згрешило едно бебенце/детенце од 5-6 месеци/години за да заслужи тортура?
Јас ќе те прашам и што има врска поговорката со темава на која зборуваме?
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
И пожелно би било да напишете повеќе од една просто-проширена реченица, пошто може е до мене, ама не можам да сфатам што сака да каже авторот со "зависи од него" или со цитати од Ѓорги Колозов.
Но, да не ја префрламе темата на друга насока, Владо Толески е цела една тема (баш добра идеа за друга тема, ако не те мрзи те молам да ја отвориш :) )
Не ме мрзи, ама имам еден предлог, пример во психологија да се отвори подфорум криминологија или психологија на криминологија, криминалистика или било како, па може да си отвараме теми за Владо, за сериски убијци, за социопати, психопати, криминалци, мафијаши било што.
Ем нешто ново, ем доста интересно и знам ќе имаме интересни дебати пошто гледам доста квалитетни ликови се заинтересирани.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Arkantos

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Скот Пек во својата книга
"Луѓе на лагата" совршено ги опишува последиците на трауми од детството во подоцнежните години на животот.
 
Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Не секогаш трауматските стресови предизвикуваат некоја личност да стане сериски убиец или да доживее психичко растројство.Познавам личност која во детството е малтретирана од својот татко пијаница,тепана и омаловажувана а сега е сосема нормална личност која искрено зборува за своето минато.Нормално неизбиршливи се трагите од сето тоа,но тоа е нормално.
Исто како и луѓе со поделена личност,компулсивно нарушување итн.наводно имаат преживеано траума во минатото,но некаде имам прочитано дека тоа воедно е и најчестиот мит за ментални нарушувања.Да не одам оф топик.Според мене се' зависи од карактер и од самиот човек.Ако јас сум имала трауматично минато и ако зборувам отворено за тоа помали се шансите сиот тој бес да го претворам во одмазда.Но сепак,секој за себе.Никогаш нема да го гледам некој како потенцијален убиец ако имал такво минато,затоа што секој размислува и постапува на различен начин.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Секој е ''прича за себе''.
Сметам дека детството е најбитниот дел,односно темелот на животот на една индивидуа.Долколку се соочи со трауми и различни видови на физички или психички имачувања, во подоцнешните години секој на посебен начин го манифестира тоа. Некој успеал со помош на друго лице,пријател,доктор,роднина... да надмине преку сиот товар што го имал и да стане личност за пример,а некои пак од бес и одмазда стануваат крволочни,но тоа е посилно од нив,што не можат да го контролоираат, и не успеале да го надминат како проблем.

Баш во моментов сум заинтересирана за книгата и сакам да ја прочитам Fifty Shades of Grey - која зборува за 27годишно момче кое било посвоено.Еден дел од детството му поминува со неговата мајка-проститука и нејзиниот швалер кој физички ги злосторувал.Како последица од траумите максимално се пореметува и ужива во садомазохизмот и садизмот...
 
Тој

Полноправен Член
3 март 2012
44
61
18

Книгата е плиток еротски роман, без добра психолошка основа на ликовите, без нивни трансформации. Книгата не ни навлегува во психолошкиот дел од траумата и сексот. Ако сакаш да читаш и се интересираш за психологијата на луѓето, траумите и сексот, читај други книги, слободно побарај предлози на форумов или на гугл. Единствено нешто што е поврзана книгата со темава е како детето има траума, не начинот на кој ја добил, не како минувал низ нив ниту како минувал низ последиците.
 
Kristina1003

Полноправен Член
21 април 2014
14
30
13
32
Траума во животот , несекојдневна случка претрпувајќи голем страм , страв , и малтретирање , станав и пистел на мојот живот , сопствена книга со искуства од една лоша судбина која ме погоди премногу ..
Бев тинејџер , како секоја млада девојка така и јас , ништо чудно се заљубив во погрешна љубов , на многу од вас ова ќе ви биди смешно и глупо ама верувајте , да не Дај боже да бевте во моја кожа , се беше како бајка на некој начин ме натера да верувам и да го сакам толку многу што ме натера да го сакам повеќе од самата себиси , и од своите најмили ... првите месеци , денови беа се во рет во таа погрешна врска , бидејќи бев сеуште дете т.е се чуствував како дете и бев премногу таква што воопшто не сакав да споделувам све со моите , незнаеа долго време што се дешава со мене , почна и оние денови кои морав да го жртвувам секој мој здив во животот да ги заштитам сестра ми и моите , морав да трпам секоја слапаница , секое исфрлање од кола во вожна , секоја навреда и секоја закана само за моите да не добијат шок за нешто што не сум го направила фотомонтажа , и што уште не... дојдов до психолошки разговори од таа траума што секоја секунда се сеќавав и понекогаш пак се секавам на тоа време покушувајќи го убиството и зборовите " Моја или ничија " ме плашат.. Покуша да се убиме двата за да бидам со него .. за среќа сакаам да кажам се заврши во добар ред , забрани казни , разделба .. секој да трне по свој пат .. Моите сето ова го дознаја во последниот момент кога ми беше кладен нож на моето грло , за да се вратам во неговиот живот .. зошто ? Бидејќи јас бев таа што простував и сакав трпев и се борев а самата себеси тонев .. Сега сум среќна не велам не , но после тој удар , понекогаш знае да биде ударот посилен за некоја работа друга , но храброста Господ Бог ми ја даде благодарение на тој удар.. Ова тема ми годи што го споделив со вас , само Ве молам момци и ве молам девојќи ... Пазејте во животот во кој се заљубувате .. и кој е за вас , пред да дојди ударот до вас Направи стоп за да немаш траума .. ;)
 
МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Кристина ме потсети со постот:eek Не е воопшто смешно, тоа е најтешко затоа што не го согледуваш навреме.
Сите имаме поминато низ тешки моменти кои ни оставиле отисоци...
Мене само два збора ми го сменија животот... 02.10.2011... Не сакам да објаснувам суштина...

Ме пресече. Ме откорна затоа што ми значеше тоа. Се повлеков во себе, престанав да се смеам, пополека станав страшно агресивен неподнослив за сите, почнав со чајови за смирување - завршив со ракија... Исто, не сакав моите да дознаат низ што поминувам. Сепак, премоќно беше за да се сокрие! Се плашам кога ќе се сетам што бев станат. Година дена траеше периодот. Потполно ме собори, почнав да имам проблеми со работата на срцето, ми се уништи харизмата, способноста да привлечам многу внимание кон тоа што го правам, се испокарав со сите другари.... Да не должам...
Откако заврши, некако ми снема живост во мене. Станав поинаков. Сеуште желбата ми е слаба за многу работи, сеуште избувнувам пребрзо и пресилно, апелирам и внимавам колку можам да помогнам да не ја повтори некој друг истата ситуација... На моменти се потсеќам - полудувам одеднаш... Почнувам да се чувствувам како да ми е нанесена страшна неправда, добивам желба за одмазда...
ух.... некогаш кога ќе почувствувам дека е време ќе се отворам и јас на форумов, но до тогаш...:banghead
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Не се отварај на форумот а харизмата ти се чувствува и преку пишаниот збор а некогаш ке се смееш и за ова што си го пишал!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kristina1003