1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Трауми од детството

Дискусија во форумот 'Деца' започната од melpomena, 4 април 2012.

  1. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,757
    Дали во детството сте доживеале нешто што ве натерало да се промените,спомени кои сакате да ги потиснете длабоко во себе,случки кои ви оставиле траги врз душата?
    Како влијаело тоа на вас?

     
  2. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    ке ме уапеше куче големо, а ја беше мал, не сам спаја цел ноќ, за малце ке ме уапеше :eek
     
  3. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,048
    Допаѓања:
    6,666
    Имав 12 години и летото го минувавме фамилијарно во станот на тетин ми во Охрид.
    Е сега, горе-долу воведот: Станот беше наследство од татко му, и тетин ми исплати колку што е потребно на останатите браќа и сестри за да го добие целиот стан. Но има еден брат кој длабоко беше западнат во долгови и алкохолизам, и човекот си решил дека мора да му се дадат уште пари и крај.
    Жена му избезумена се јави дека се испијанил и тргнал накај станот со секира и намера се’ да испоубиел и да земел што си е негово. Не обрнавме поголемо внимание, бидејќи секој пијан така се петели. По некој половина час, ете ти го навистина почна ко луд да ѕвони и да ја крши бравата со секирата викајќи дека сите ќе не испоубие штом влезе, и тоа мене прво за да гледале моиве дрн мрн јариња.
    Дете, ко дете, пискав од страв гледајќи како мајка ми со сета сила потпрена ја турка вратата борејќи се да не влезе типов. Јас и баба ми, пресечени во нозете, не можевме ништо, мало дете и болна старица од 76 години. Рамото после тоа и’ беше лом. А полицијата стигна дури 40 минути после повикот. Брзина бе.
    Траума за чудо никаква немам. Кај мене во град добро утро се таквите настани, па си ја имам истренирано/навикнато психата, што се’ ми е само искуство и/или муабет плус.
    Повеќе и’ се восхитувам на мајка ми што во тие моменти излезе поголем маж од типов и притоа остана сосема свесна и ден денес нема никакви последици од истото. И подобро е така.
     
    На FallenAngel, existence и The puss in boots им се допаѓа ова.
  4. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Ти па од куче си се плашија. Немам некои трауми, освен кд почина дедо ми и тетку ми. Тетку ми едн пут ми се беше појавила у веце и гу беше санувала. Едн пут беше три пута паднала на исто место и на исто колено. Цело ми беше крваво ставјава ми некои прејови там некои масти. Памту до дн днеска. Живот то је то.
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hexasto

    Hexasto Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    1,082
    Допаѓања:
    1,631
    Неам некоја траума шо би ме прогонувала до сеа :)
     
  6. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Ротваљер и Шарпланинец ми се имаја пуштеноо..и ко ќе видам големо куче не мие сеедно xD :D :sram
     
  7. 990Freak

    990Freak Староседелец

    Зачленет на:
    12 март 2012
    Мислења:
    1,274
    Допаѓања:
    1,911
    Thumbs up за Кумановски дијалект. Свиѓа ми се :p
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,555
    Ц цццц...и мене како мал едно куче ме касна на ногата, па веднаш инекции друго-трето, многу плачев тогаш знам имав 6 години само, до пред 2-3 години ептен многу ми беше страв од кучиња и сега, ама не толку...со тек на годините ми поминува стравот.
     
    На The puss in boots му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Кога бев мал, негде 10/11 години ме удри кола и „шоферот“ избега.Никогаш не го најдов.Среќа немав никакви повреди освен модрици.
    Тоа ми остана така како белег иако го имам подзаборавено.
    Поголема траума ми е што направивме тешка сообраќајка пред 2 години.Двајца другари (возач и совозач) починаа на лице место додека пак ние тројца позади останавме со лесни/тешки повреди.
    Тоа сеуште го паметам и мислам дека цел живот ќе мислам на тоа.
     
    На The puss in boots и Ludaca им се допаѓа ова.
  10. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    имам... 2-3 и ме променија на подобро ме направија поиздржлива ме исчеличаа но и на полошо ми направија да се плашам од многу работи.
     
    На ●Untouchable° и WomanInRed им се допаѓа ова.

Сподели: