Странски јазици

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Англиски солидно, руски разбирам што ми зборува но не знам убо да му вратам, албански добро е, ќе биде уште подобро, југословенскиве одлично (без словенечкиот), босанскиот ми е најинтересен за зборување. :)
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Добро го познавам англискиот, исто учев и латински средно ама неможам да речам дека го научив нешто нај нај (освен поимите поврзани за медицина :D ).
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Порано бев полиглот, но малку за`рѓав со годиниве.
Англиски како втор јазик
Руски солидно
Италијански почетнички (мада малку да се подзагреам, ќе се вратам на подобро ниво)
Исто и француски
Латински јазик - заборавен
Исто старогрчки и старословенски.
За Екс ју нејќам да зборам - срамота е да не се познаваат барем основно.
 

zombie#

Полноправен Член
11 април 2012
72
65
18
29
Англиски знам супер, српски, хрватски си ги знам дека ни се тука блиску, шпански знам од серии прилично добро и германски шо учам нашкола онака пооснови работи и грчки знам некој збор дека имам таму ко мала живеено година дена и плус секое лето 7 години го имам поминато таму.
 

NesanicaBG

Нов член
15 април 2012
4
5
3
32
Veliko Tarnovo
bglovetose.18.forumer.com
Првиот јазик,кој што научив беше Бугарскиот,бидејќи сум Бугарка.:D

Потоа Англиски,Германски,малце Француски.Учам Македонски,разбирам и Српски и Хрватски.
Знам малце Руски... На факултет моментално учам Латински јазик,а сама и Шпански. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Hip.Hop_MKD

Сајури

Староседелец
23 април 2012
18
30
1,013
Tokyo
Покрај мајчиниот Македонски јазик и Ex YU јазиците - кои што верувам дека сите останати барем малку ги познаваат, ги вбројувам и Англискиот, Германскиот (го имам учено 4 години и имам основа, но би сакала да го донаучам подобро :)), Италијанскиот јазик (ептен за најосновна комуникација), Шпански разбирам, но за комуникација ми е малце потежок и да, полека, самоволно на Интернет го изучувам Јапонскиот(огромен предизвик ми е овој јазик, баш би сакала да го совладам некој ден :cool: ). А да и едно време заради една серија почнав да изучувам и Еврејски јазик, ама одма се откажав :giggle.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Гонзо

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Англиски знам, гермаснки исто така, а сакам да научам италијански и шпански.
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Не сакам да се фалам,немојте да ме разберете погрешно,ама знам многу јазика:
Македонски,нормално.Срамота е да не си го знаеш мајчиниот јазик.
Англиски,одлично,професорка во гимназија сум,покрај филолог.
Германски како втор јазик во основно и средно и на факултет го земав во комбинација со англискиот,данскиот,шведкиот,норвешкиот,холандскиот и исландскиот.
Француски го учев на курс и од филмови и овој ми беше втор факултет(паралелно завршив два факултета) и го семав во комбинација со италијанскиот,шпанскиот,португалскиот и романскиот.
Данскиот одлично, го земав во комбинација со германскиот и со сите останати јазици од германското јазично семејство.
Шведскиот,норвешкиот и исландскиот се тука некаде и тие одлично ги зборувам.
Холандскиот добро зборувам и тој ми беше во таа комбинација, а и таму сум родена.
Руски исто така добро говорам. Го научив од мојата мајка и од баба ми, кои беа слависти и кои одлично ги знаеја и западнословенските јазици како полскиот, чешкиот и словачкиот покрај источнословенските јазици, како рускиот, украинскиот и белорускиот кои исто така одлично ги говорам..
Италијанскиот ми беше во комбинација со францускиот и сите други во таа група јазици и солидно го говорам.
Шпанскиот солидно го знам. Прво од сериите, потоа на вториот факултет.
Португалскиот како и шпанскиот, францускиот и италијанскиот што ги говорам, така и него.
Романскиот иако ми беше во комбинација со сите јазици од таа група, не сум во контакт со тој јазик, а и тој што ни предаваше не знаеше нешто многу.
 
Последна промена:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Мандарински, хебрејски, урду, арапски, хинди...а моментално ја преведувам и Voynich Manuscript.
Статистички, за потешките јазици (кинески, арапски, норвешки, шведски, фински, итн.) се потребни околу 90 недели интензивна посветеност на тој еден јазик за да се стане течен во истиот. Онака, рандом факт за странските јазици.

За озбилно:
Англиски - 102,3%. Мислам дури и полесен ми е отколку македонскиов пошто некогаш имаш по 3 збора за една иста работа.
Француски - многу солидно, едно 80+%.
Шпански - 3 години во школо и серии, duh. Целосно разбирам, малку се карам со граматиката, ама не е никаква пречка.
Руски - прилично добро, освен ептен некои свемирски зборови.
Германски и италијански - учени, ама недоучени. Доволно за нешто ситно повеќе од општа комуникација, но тоа е тоа.
Криво ми е што латинскиот ми изумре и од мозоков. Интересен беше дури траеше, ама мајка расплакуваат конструкциите, по 2-3 форми за едно време. :frantic