Екс-ју мислам дека нема потреба да спомнувам, скоро сите знаеме.
Англиски
љубовта моја, еве сега и на факс сум за тоа.
Италијански знам прилично добро.
Шпански (поточно мексикански/аргентински) тоа све од серии.
Скоро се разбирам, и не сум имала потешкотии да се разбирам и со луѓе од Шпанија.
Португалски чат-пат пошо е сличен со италијанскиот (спротивно од општоприфатеното мислење дека е сличен со шпанскиот).
Француски разбирам, малце потешко ми е да вратам.
Германски сакав да научам уште од мала, ама многу се зезнав... 4 години учев во средно и сеа се шо знам да кажам е Ich spreche nicht Deutsch.
И турски сакам да научам. Почнав нешо лани, ама го запоставив... Планирам сеа да земам учебници за основно и да почнам од почеток.
Freak сум за јазици, кога би можела сите би зела да ги учам...