Страв од заболекар

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Јас кога сум на заболекар уживам. Нит ми е болно, нит ми е страшно.
Стоматологот секогаш ми вели дека пациент како мене ретко се наоѓа (како маче сум била) :zelen
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Правел некој вилици на стоматолошкиот клинички центар? Да сподели искуство и некоја препорака за некој доктор?
 

трајче ѓорѓев

Нов член
24 април 2015
10
2
3
24
Во Прилеп дефинитивно нај лош стоматолог е Др Горан иваноски(амбулантата точила) прилеп нее во состојба една обична пломба да стави. Му побарав спрејче пред да ми стави анестезија ми се изнавика тој немал матријал за фрлање не знам што препорачајте добар стоматолог во прилеп или битола
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Се зависи од пристапот на личноста, во овој случај стоматологот.
Имам искуство со секакви, штета што не ја ценат професијата, пред се самите а потоа и пошироката маса.
Тоа се оние кои се заколнале на хипократовата заклетва, а буквално се однесуваат како стока спрема тебе, впрочем ја наплаќаш услугата што е најтрагично.
Немам страв, не сум ни имала.
А болката, јас тоа си го имам сфатено како нешто што мора да се направи. И да викам и не знам што да правам мора да се исчисти забот целосно од кариесот. Така да секогаш сум без анестезија.
Но и се зависи од прагот на болка, индивидуално си е.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
За мене најважен е пристапот на заболекарот. Ако тој има одличен пристап, знае да воспостави добар однос со тебе тогаш и болката нема да ти биде толкав проблем и со тек на време, стравот ќе се намали, а можеби и ќе исчезне целосно. Ако е некој намуртен, па дури и да му смета што си потресен/преплашен, тогаш и болката како да е поголема. Многу ме нервираат заболекари што осудуваат и се као: "Ајдееее, што си правел/а", "Лелееее, ова вака, ова онака". Значи, добро, прерипни го тој дел и види што можеш да направиш. Тоа е што е, нема потреба од осуда. Или пак се намрштуваат ако подвикнеш, превртуваат очи, те гледаат ко да си луд. Реално, повеќето луѓе кога ќе седнат на стоматолошко "столче" се претвораат во мали деца, што би се рекло. Мора да се има малку понежен пристап, мора. Не велам дека треба да се третираат возрасни луѓе како деца, но сепак, да се има малку повеќе разбирање и трпение.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
ОБОЖАВАМ да одам на заболекар. Си имам некоја опсесија со забите и со совршенството на насмевката. Нема за што да се плашите, сите вадат заби со анестезија денес, а ако оставите да ве боли и да се расипува епа тогаш сами сте си криви
 

Anaskopje

Староседелец
7 јануари 2013
29
3
1,013
29
Здраво.
Дали некој има поправано преден заб горе? Дали боли?
Фала многу.
 

Anaskopje

Староседелец
7 јануари 2013
29
3
1,013
29
Дали некој има проблеми со пародонтоза и џебови? Има ли друг лек освен паста, течност и чистење џебови и забен камен и полирање?
Ептен страшни болки имам, а и мака ми е да одам на секои 2ипол месеци на забар за чистење.