@Outrider се надевам ја гледаше кошаркава. Каква утакмица беше само.
Две продолженија, Ночиони цар, Скола пред умирање, Бразилциве ем баксузи ем аматерски одиграа на крајот во последната минута. Одлична утакмица сепак, 2 саати уживање.
Не да ја гледав него лудило беше она
одамна немало вакво лудило.
Секогаш има јаки утакмици меѓу Аргентина и Бразил ама ова беше врв, неколку пресврти со враќање на двата тима од -10 до 15, и две продолженија
111-107
Ночиони остави срце на терен 37 коша, џуџето 32, од каде ја вади оваа брзина Кампацо мало јадно спечено 1,78 му влегува во рекет на монструми ко оној Нене ко шифоњер шо е гајле нема
2,12 и рамења ко инкредибал халк
Одамна немам гледано ваков ролеркоустер, прво кога Бразил во последна четврина фати 11+ си викам крај е ова и Кампацо и Ночиони со тројките, последната во последна секунда кога се двоумеше топката дали да влезе....па после отиде Бразил пак на +6 во прво продолжение и пак тројки ама Џинобили промаши последен напад и пак продолжение
среќа одма се одделија на +8 и Бразил пак ги стигна тој Барбоса го немаше никаде тогаш го фати лудило стигнаа на -1 ама тоа беше немаа сила, Џованони библијата припадна веќе, сепак аргентинскиве старци беа појаки од бразилскиве, им го нема Мачадо со 44 години
Сега со Шпанија ќе биде клање, гледам се разбудиле 50 РАЗЛИКА на литванија
и пак литванија ќе е прва во групата