Спортски Вести

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Еве една тема за сите да бидат информирани за сите најнови спортски вести во сите спортови ( кошарка, фудбал, ракомет, ватерполо итн).
P.S. Модераторе оваа тема да биде поставена како важна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludi Maks

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown

Се случи еден интересен настан, во пресрет на бокс мечот измеѓу Витали Кличко и Дерек Чисора кога позираа двајцата, Чисора му удри шамар на Кличко. Е сеа, ако се налути русинов ќе му го измени личниот опис на Чисора. Во секој случај, ќе биде интересен мечот дефинитивно.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743

x.gif

x.gif

Пола репрезентација не ја знае химната и македонскиот јазик петок, 02 март 2012
x.gif

Испровоциран од последните случувања околу гневот што ја обзема целата македонска јавност по срамниот пораз на нашите фудбалери од Луксембург и се почестите шпекулации дека се работи за наместен натпревар, фудбалерот на Работнички и повремен репрезентативец Панче Ќумбев со свој став околу ова прашање


Pance-Kumbev-240.jpg


Ќумбев укажува дека е погрешна општата перцепција дека македонската репрезентација е професионална, а оние од кои што се срамиме да изгубиме, како што се Андора и Луксембург, се аматери.

Искрената и опширна белешка со наслов "Болен ми лежи мак фудбалот" која Панче Ќумбев ја објави на Facebook ви ја пренесуваме во целост и автентично:

Може да ме разберете и вака и онака,може некој ќе се налути,ќе ми замери,ама едноставно морам да дадам свое мислење за најважната споредна работа...

Нормално повод е последниот резултат на нашата репрезентација...изгубивме од Луксембург 2-1. Да,изгубивме и затоа спортот е интересен...Секој секого може да победи и секој од секого може да изгуби.И некој ќе рече боли да изгубиш од Луксембург.Боли точно е тоа,мене ме боли како фудбалер.Ама во што сме ние подобри од нив,од Андора,Лихтенштајн,Сан Марино на фудбалски план?Само во две работи,во талентираните дечиња и во спортските гени кои ги носи секој балканец.Во се друго сме 100 години во рикверц.

Некој ќе рече дека не сум во право,меѓутоа еве ке се потрудам да објаснам. Па кој како ме разбере ќе видиме.

Зошто 90% кај нас мислат дека гореспоменативе репрезентации се аматерски а ние не сме?Дали мислите дека нивните лиги се поаматерски од нашата?Да почнам со ред.

Нашата прва фудбалска лига брои 14 "професионални" екипи.Дали знаете колку од нив се стварно професионални,колку од нив ги исполнуваат и најосновните услови за натпреварување?Можеби 2-3,нека бидат и 3-4.Повеќе не се со гаранција.Да почнам со ред.

1. Услови за работа(помошни терени,опрема,медицински тим,соблекувални,стручен тим)

Како што напоменав само 3-4 екипи ги имаат овие услови.Да не играм со имиња да не ми се налути некој.Знаете ли дека нашите играчи носат опрема стара по 10-15 години,само 3-4 екипи имаат помошен терен,за теретана да не зборувам.По клубовите нема доктори,масери,нема кој да ти даде апче ако те боли глава.Нашите играчи незнаат што се витамини,минерали,спортска исхрана.Со јадење ајвар и маргарин фудбалер не се станува.Знаете ли дека во Тетово во собелкувалната нема вода,нема струја,нема тоалет?А Тетово ги даде последните 2 шампиона на Македонија.Знаете ли дека во Кичево наместо закачалки има клинци,и дека наместо тоалет шолја има дупка среде купатило?Знаете ли дека гостинската соблекувална во Кратово,Прилеп и Штип е голема дури 3 метри квадратни,и мора да се соблекуваат играчите на групи оти нема место за сите.знаете ли каде тренираат младите таленти во Македонија?По парковите со парталави топки голи и боси.Секоја чест за ретки исклучоци.

А какви се во аматерските земји може само да замислите.Секоја од нив има спортски комплекси,со помошни терени,со терени со вештачка трева,со сауни,со теретани со нова опрема.И које аматер тука???Ние или они?

2. Професионалноста??

Знаете ли дека во Македонија 70% од фубалерите се аматери.Знаете ли дека на 70 % проценти од нив не им се плаќаат придонеси,осигурување здраствено и пензиско?Знаете ли дека ако не дај боже се повреди кај нас фудбалер може да го избркаат од клубот и да не му платат операција,лекување,рехабилитација?Знате ли дека пола лига кај нас играчите земаат плата од 150 до 200 евра и тоа нередовно?

3. Квалитетот на лигата.

Искрено и без лажни скромности сигурно сме меѓу последните 3-4 во европа за жал по квалитет или уште полошо меѓу првите 3-4 по неквалитет.Зборам за квалитет на лигата не на играчите.Кај нас може да се случи да ти влезат во соблекувална со пиштол и да ти речат дека мора да изгубиш денеска.Да така е,за жал.Кај нас Може да се случи да го истепаат судијата оти досудил пенал или поништил гол,да ги истепаат гостинските играчи оти не им пуштиле на домашните.Кај нас се случува судијата да ти каже извини ама денеска мора да изгубите.И можам да редам до недоглед ама доста е.

4. Репрезентација

За секој играч е светост,чест и гордост да се игра за националниот тим.Само кај нас националниот тим е менаџерски полигон за играчи.Само кај нас постои она познатото"мора да игра".Само кај нас кога се оди на гостување авионот е исполнет со 20 играчи,10 членови на стручниот штаб и 70 членови на така наречена "Јагнешка бригада" кои единствен контакт со фудбалската топка имале на час по физичко и тоа по грешка кога некоја залутана ги удрила по глава додека со девојчињата играле ластико.Знам дека ви се чини смешно и многу критично меѓутоа за жал така е.Занете ли дека пола репрезентативци не ја знаат нашата химна,дека пола репрезентација не знае Македонски јазик?И некој ќе рече тие се играчите,нема други???Молам?Нема други???Ајде да прашам отворено,каде е најдобриот стрелец во нашето првенство Филип Ивановски?Каде се Влатко Гроздановски,Златко Таневски,Благојче Тодоровски,Крсте Велкоски,Борче Маневски,Миле Крстев,Димитрија Лазаревски,Баже Илијоски,Бобан Грнчаров,Александар Бајевски,Зоран Балдовалиев,Стојан Игњатов и да не ги редам сега ги има многу?Дали гореспоменативе не заслужуваат повик?Заслужуват и тоа како,само не се во шемите на одредени луѓе.Сите гореспоменати се стандардни во своите клубови и имаат континуитет на натпревари,што не е случај со пола репрезентација.

5. Селектор

Секоја чест на новиот селектор меѓутоа нас ни треба домашна рака,и тоа авторитетна и да не подлегнува на притисоци од типот мора да игра,или не мора да игра.Каде се Ѓоре Јовановски,Чеде Јаневски,Милко Ѓуровски,Ѓоко Хаџиевски,Џиџи Илиевски,Влатко Костов,Илчо Георгиевски,Драги Канатларовски,Зоран Смилевски и ред други?

6. Раководство

Само едно ќе кажам овде.Каде се нашите асови Дарко Панчев,Илија Најдоски,Саша Чирич,Ѓорѓи Христов,Тони Мицески,Митко Стојкоски,браќата Ѓуровски,Гоце Седлоски,Артим Шаќири?Далеку од фудбалот за жал.
И уште многу мисли ми се мотаат низ глава и уште многу работи имам да кажам меѓутоа поентата ми е една.Ние сме аматери,и тоа од највисок ранг.Затоа не се нервирајте кога ке дојде Ерменија и ќе ни акне 4-5 парчиња,кога ке додје Луксембург и ќе ни ја сврти од два во кец.И без оправдување меѓутоа фудбалерите се најмалку виновни за оваа ситуација,за ова тонење на фудбалот кај нас.

Толку...

Се надевам на подобри денови во мак фудбалот, надежта последна умира.

Панче Ќумбев
VIA KIRILICA.com.mk http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=68401