Спомени од школските денови

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Има двајца кои ме познаваат од основно и средно, штета што не ги дружам. Да ме познавал некој во основно и да не ме видел 7 години тешко дека ќе ме препознае и по однесување и по изглед. Нема да зборам каков бев тогаш, само ќе кажам дека тогаш ми беше убаво.
Средно...ах тоа средно. Да можам да се вратам би се вратил и би бил уште подрзок со сите. Средно, посебно крајот на средното беше најцрниот период во мојот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Foxboro

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Сеќавања многу, бегање од часови многу и што уште не. Ех тоа наше детство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Ехх какви се не спомени имам, се ќе дадам да се врати тој период пак, на почетокот бев доста примерна ученичка, што ми истекна во 4 отворив за сите 3 години :) кога почнав да бегам, се ми беше по нешто, оправданија си купував, дека и мојата класна комшика, и ајде оправдани ово оно... во школо очите не можеа да ми ги видат :giggle бевме најлошиот клас, стално правевме белји, глупости се дешаваа секој ден, директори, родителски со нас децата, клипови, и на крајот помина се во еден миг... :x да не ја заборавам и матурската, каде што кога машките станаа да играт, јас со уште 2 другарки, целиот алкохол од масата го испивме, после кога требаше да говориме по телефон отидовме под масата со уште една другарка, келнерите стално викаа по нас, дека само на столовите се качувавме, не ми даваа :giggle затоа, уживајте додека можете, после тоа ќе го барате тоа време, тоа е тоа време, каде што нема грижи, каде не се замараш со ништо, каде се ти е пуно равно и тоа е :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo and goodgod

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Ќе ми поверува ли некој ако речам дека ми се оди во училиште??Би сакала сега како што завршувам со средното пак да се запишам од почеток и да бидам 1ва година..ее колку си бев будала кога ми викаа дека ќе си го барам средното(но не верував дека толку брзо, уште незвршено) јас викав нема шанси тоа некогаш да го речам јас ама ете..
Имајте пријатен ден и убав школски почеток на средношколците и основците :)

ЕДИТ-Спомените ги изоставив,никогаш нема да запоравам дека бевме први во колективно бегањемислевме дека како што поранешната класна ни стана заменик директор ќе не брани и ние во 4та година многу се опуштивме сел клас и секоја недела бегавме ама не испадна така како што мислевме така што главниот директор ни рече или нема бегање или пак ќе ви го намалам на сите поведението и на факултет здравје никогаш нема да сме оделе што е и вистина тоа..послее ќе се сеќавам исто и во втора заради премногу бегање ни стави класната на сите по 9 оправдани да не можеме да се мрднеме затоа што со 10 неоправдани се намалуваше поведението..одењето на пракса од сабајле и потоа одење на училиште одма ми беше интересно никогаш не се жалев дека многу е тоа цел ден не си дома итн бидејќи јас посакав да можам да одам цел ден на пракса да ги посетам сите одделенија и да им помагам на болните отколку полсе праксата да одев ви училиште..од прва година и не се сеќавам многу знам дека сите се срамевме меѓусебно да се запознаеме и после 2 недели се знаевме како што треба..секогаш 3та година ќе ми биде најомилена од сите години па повеќе и од 4та бидејќи подобро ги запознав моите сегашни другарки станавме неразделни и сега е уште подобро...како најлош спомен ќе ми остане тоа што сите почнавме да се делиме по желба на едно девојче и другите ја слушаа така јас уште две другарки екстра си поминавме сами и ич не ми е криво што така испадна таа мислејќи лошо ни направи добро и на тој начин се зближив уште повеќе со другарките што и сега се дружам се надевам дека тоа делење ќе се намали бидејќи ова ни се последните месеци од 4та година и ќе се зближиме сите подеднакво ...
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Сеќавања... па баш и не ми недостига тоа време зш јас што учев во тој клас речиси сите беа ај модерно да се изразам бубалици ама не класични бубалици и не дека и јас не бев ама тоа е :zelen
Никогаш немаме избегано од часови бевме најдобриот клас во гимназијата просекот на оцени ни беше 4 и нешто зш дел од нас имаа по некоја 4 или 3, еве како јас зш хемоја не учев не дека неможев него несакав на писмените никогаш немам извадено поголема од 2 и секогаш на совет ми ја поправаа:zelen
Омилен предмет ми беше Одбрана зш секогаш не носеа некаде и пукавме со воздушни пушки и 2-3 пати од полицијата ни дадоа вистински пиштоли, тој предмет ни беше изборен а по македонски јазик мн ми беше мака да пишувам домашно и ме мрзеше да читам дела :zelen се секавам мн добро дека за Ана Каренина ја излажав дека ја имам прочитано и одговарав а всушност татко ми ми ја раскажа во детали и тоа се во тетрака запишано убаво и добив 5 :zelen
Накрај на четврта година во април месец се скарав со професорката по социологија и за малце ке ме испратеја во гимназијата во Кратово зш несакав да се извинам а и немав причина за извинување :zelen
Знам една година бевме најдобра гимназија на ниво на државата и оние скопјаништата од Корчагин беа втори :zelen
Без да ја слушнам песнава не поаѓав на училиште а зш така ни сама незнам :D

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo and melpomena

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Јас бев една од оние „подмукли“ ученици.
Во основно беа онака ок, но во средно класот ми беше кој од кој мамини и татини без водичка во очи, па се држев настрана од тие нивни испади, ко сега се бфф, а утре се скубат на физичко демек поради топката, а се кукавици да признаат дека друго ги мачи. Во основно имав претседателски мандат, класот беше паљевина, а беше на мене да ги смирувам, па затоа кога ќе ми зовриеше, си купував од оние Такси мастики од 5 денари кои претерано гадно се лепат, им ги ставав на столче, па кога ќе си седнеа, целите се правеа лом и забораваа за што се карале. Посебно обожавав кога ќе ги залепеа во коса.:D
Тоа ми беше решавање проблем по брза постапка. Не ми судете, дете бев! :D
А бруки имам на кило. Македонски професорот посебно ме сакаше, а јас посебно на негов час јадев, па кога ќе ме здогледаше, мераклиски ме испрашуваше цели 40 минути да анализирам лектири. Кога ќе се случеше да немам научено, си имав посебна техника на читање која никој не ја приметуваше, а од која посебно беше воодушевен професорот по филозофија, зошто мислеше дека толку го сакам неговиот предмет, што лекциите ги раскажувам со сто во минута. Сега ми е жал за тоа, ептен добар и попустлив дечко беше, дури карти имаме играно пред него на час, без да ни пререче.
Физичко многу сакав да се натпреварувам со машките, оти речиси сите женски секој час имаа добиено и играа балет со топката, па јас со уште 2-3 ко стока се млатев по терен, дури еднаш не се избрукав пред 3 класа, кога сакав на „фраерски“ начин да ја шутнам топката, ама мајчината лошо се заврте нагоре и ми ја сплеска фацата. :zelen
Навика која ја имам и денеска, е мојата „пасија“ да цртам карикатури од професорите. Нема професор кој го немам нацртано, а посебно ги обожавам овие на факултет, сите ми се некако...посебни. :giggle

Ааа! Сакам назад!
р.ѕ. Видел некој уште да се продаваат Таксињата?
Чисто информативно... :svirka
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Сеќавања... па баш и не ми недостига тоа време зш јас што учев во тој клас речиси сите беа ај модерно да се изразам бубалици ама не класични бубалици и не дека и јас не бев ама тоа е :zelen
Никогаш немаме избегано од часови бевме најдобриот клас во гимназијата просекот на оцени ни беше 4 и нешто зш дел од нас имаа по некоја 4 или 3, еве како јас зш хемоја не учев не дека неможев него несакав на писмените никогаш немам извадено поголема од 2 и секогаш на совет ми ја поправаа:zelen
Омилен предмет ми беше Одбрана зш секогаш не носеа некаде и пукавме со воздушни пушки и 2-3 пати од полицијата ни дадоа вистински пиштоли, тој предмет ни беше изборен а по македонски јазик мн ми беше мака да пишувам домашно и ме мрзеше да читам дела :zelen се секавам мн добро дека за Ана Каренина ја излажав дека ја имам прочитано и одговарав а всушност татко ми ми ја раскажа во детали и тоа се во тетрака запишано убаво и добив 5 :zelen
Накрај на четврта година во април месец се скарав со професорката по социологија и за малце ке ме испратеја во гимназијата во Кратово зш несакав да се извинам а и немав причина за извинување :zelen
Знам една година бевме најдобра гимназија на ниво на државата и оние скопјаништата од Корчагин беа втори :zelen
Без да ја слушнам песнава не поаѓав на училиште а зш така ни сама незнам :D

хаха како мене да се читам, скоро од збор до збор се е исто, во клас со бубалици, просек 4, најдобар клас во гимназија, само што социологија имав во втора година и ич не ја сакав професорката зашто беше тежок намќор, најнесакав да и учам, и бидејќи тогашната класна беше добра пријателка со неа ми ги средуваше оцените.:zelen Физика исто во прва мразев зашто професорката беше една бабетина никаква, не знаеше да предава, кога те дигнеше на час по пола саат и раскажуваш и после ти вика само толку ли?!, па ова не е ни за кец, :frantic обожавав и сеуште ги обожавам часовите по англиски и спорт :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and alba

kizzo

Истакнат Член
14 јануари 2013
827
1,328
93
Скопје-Ченто
www.idadija-inz.com.mk
aах школо не да ми фалат тие среќне денови највеќе
ми недостасуваат деновите во последна клупа
ми недостасува пушењето во WC измеѓу часовите
ми фалат многу работи од школските денови ... еххх да моше да се врати времето
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
На мене ногу ногу не ми е омилено тава време оти у школото многу ме заебаваа. Јас секогаш бев таа шо седеше на страна,шо јадеше јогурт и паштета, шо пиеше ред бул уште од 11 години,секогаш пеев и се дерев на паузите. А на ОТП Настава нон стоп се глупирав. И на крај Врисок 4 ме викаа оти многу се дерев... Абе циркуси. Еднаш се испосрав во гаките и ги завиткав во палома и засмрде,цело школо се збра у нашта училница ради мене. :))))))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo and Sofija...

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
28
На мене ногу ногу не ми е омилено тава време оти у школото многу ме заебаваа. Јас секогаш бев таа шо седеше на страна,шо јадеше јогурт и паштета, шо пиеше ред бул уште од 11 години,секогаш пеев и се дерев на паузите. А на ОТП Настава нон стоп се глупирав. И на крај Врисок 4 ме викаа оти многу се дерев... Абе циркуси. Еднаш се испосрав во гаките и ги завиткав во палома и засмрде,цело школо се збра у нашта училница ради мене. :))))))
Како бе се усра хахаххаа ? Денес ме насмеа...
Весна1992 :rofl:rofl:rofl