Јас бев една од оние „подмукли“ ученици.
Во основно беа онака ок, но во средно класот ми беше кој од кој мамини и татини без водичка во очи, па се држев настрана од тие нивни испади, ко сега се бфф, а утре се скубат на физичко демек поради топката, а се кукавици да признаат дека друго ги мачи. Во основно имав претседателски мандат, класот беше паљевина, а беше на мене да ги смирувам, па затоа кога ќе ми зовриеше, си купував од оние Такси мастики од 5 денари кои претерано гадно се лепат, им ги ставав на столче, па кога ќе си седнеа, целите се правеа лом и забораваа за што се карале. Посебно обожавав кога ќе ги залепеа во коса.
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
Тоа ми беше решавање проблем по брза постапка. Не ми судете, дете бев!
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
А бруки имам на кило. Македонски професорот посебно ме сакаше, а јас посебно на негов час јадев, па кога ќе ме здогледаше, мераклиски ме испрашуваше цели 40 минути да анализирам лектири. Кога ќе се случеше да немам научено, си имав посебна техника на читање која никој не ја приметуваше, а од која посебно беше воодушевен професорот по филозофија, зошто мислеше дека толку го сакам неговиот предмет, што лекциите ги раскажувам со сто во минута. Сега ми е жал за тоа, ептен добар и попустлив дечко беше, дури карти имаме играно пред него на час, без да ни пререче.
Физичко многу сакав да се натпреварувам со машките, оти речиси сите женски секој час имаа добиено и играа балет со топката, па јас со уште 2-3 ко стока се млатев по терен, дури еднаш не се избрукав пред 3 класа, кога сакав на „фраерски“ начин да ја шутнам топката, ама мајчината лошо се заврте нагоре и ми ја сплеска фацата.
![Зелен :zelen :zelen](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Навика која ја имам и денеска, е мојата „пасија“ да цртам карикатури од професорите. Нема професор кој го немам нацртано, а посебно ги обожавам овие на факултет, сите ми се некако...посебни.
Ааа! Сакам назад!
р.ѕ. Видел некој уште да се продаваат Таксињата?
Чисто информативно...
![Си свирка :svirka :svirka](/images/styles/pack1/2014_whistling_and_rolling_eyes.gif)