Лелеееее кај се вратив со темава..
Голем одмор. Јас и другарка ми влегуваме во кабинетот по математика што е празен. Јас го земам сунѓерот и без размислување си бришам пола од таблата. Другарка ми ја зема кредата и пишува „И СЕА ШО“?
Си излегуваме од кабинет.
Наставничката има трет празен час. Четвртиот час е со нас. Влегуваме цело одделение во кабинетот ау бау, урлање. Доаѓа наставничката и бум, експлозија, почнува да се дери „КОЈ ЈА ИЗБРИША ТАБЛАТА АЛОООО“?
Во моментот сфаќам дека јас ја избришав, ненамерно, час и половина пред тоа, ама немам храброст да признаам. Следи едно „ПА УШТЕ И
СЕА ШОМИ НАПИШАЛЕ“!
Се јавува Наум „Ама наставничке ние кога дојдовме таблата избришана беше“.
-Кој е дежурен?
Емилија: „Јас“!
-Кој ја избриша таблата?
Емилија: Никој наставничке!
-Седи, единица!
Мислам дека со вечери не можев да спијам од тежини на душата, а и сега еве исто се осеќам

Ама освен вакви испади шо ги имам мал милион и шо прават да сакам да се вратам пак во тоа време, срцка бев.
А средно, не сакам ни да помислам камо ли да изустам и да се присетувам. Трпев булинг секој тииит ден, си одев со плачење дома, лажев дека не ми е добро за да си заминам, паднав во депресија. Најтешките 4 години, really.