Сега сум студент и живеам во саканата ни наша престолнина, со сестра ми, а во `вистинската дома` ние двете + мама + тато.
Според мене, тоа што не живеам со родителите никако не ме прави самостојна. Да, пржам компири, пуштам машина, некогаш и бришам прашина, ама според мене тоа не е самостојност. Која независност ја имам кога тие ми плаќаат сметки, храна, книги и тн.? Кога ќе почнам да работам и сама да си обезбедувам се што ми е потребно дури тогаш ќе станам самостојна.
