Живеам некогаш сам, некогаш со моите.
Кога имам премногу работа, кога навистина не можам сам да си правам јадења и да си перам алишта тогаш одам кај моите и мајка ми ме средува комплементарно.
Кога сум поолабавен со обврски тогаш си живеам сам во свој стан, некогаш другарите доаѓаат на една недела, па девојка ако има и така.
Многу е убаво да живееш сам, од причина што се градиш како особа, го зацврстуваш карактерот и стануваш независен.Живеам одделно од мојата 17-та година а после препишување на станот си се опуштив максимално и го доживеав она, независен на 18 години.
Има услови да станеш независен ако го запнеш гзот ама навистина. Во животот имаш две опции.
Или да работиш и да се усовршиш во тоа што го работиш или да студираш.Ако не си способен да студираш тогаш работи.Не губи време.Животот е премногу краток. Со работење напорно и со штедење ќе можеш да си дозволиш и количка и некој мал стан доволен за тебе.
Дефинитивно е подобро да живееш сам иако слабост ми се палачинките на мајка ми и питата на баба