Со дечко ми, во изнајмен стан.
Јас уствари живеам сама, т.е. оделена од моите од мои 19 години.
И ова не значи дека трчам кај мама секој викенд, чекам да ми готви јадења што ќе ги замрзнувам, собирам купишта алишта за да ми ги пушти во машина ( мислам која глупост ми е ова, ко да не знаеш копче да притиснеш)....значи не, мојата самосталност значи самостојност во вистинска смисла на зборот.
Јас 50 денари немам земено од дома и сето ова најмногу се должи на мојата тврдоглавост и убедување дека сум способна да застанам на нозе сама.
И би.
И да не се лажеме, не е едноставно и лесно да живееш сам. Зашто треба да се грижиш за се, за јадење, за сметки, за облека, за хигиенски препарати....и се со ред. Треба да се учиш да стануваш домаќин
Да знаеш да го органзизираш својот живот, финансии, своето време....навистина не е лесно.
Жално е тоа што повеќето би живееле сами само поради фактот дека тоа е некое западњачко помодарство, мислам да не живее со мама и тато и да може да прави што сака, ако во денот по два пати цвили на телефон со мамичка.
Мене искрено ми е убаво сама, се навикнав...па поминаа 7 години побогу.
Мене кога си идам дома и останувам на неколку дена, сафра ме фаќа.