Со кого живеете?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Со татко ми, мајка ми и сестра ми...

Зашто би пробувал некој да живее под кирија кога има удобен простор за живеење? Место да се фрлаат џабе парите за кирија и тековно одржување на станот во кој си кираџија не е попаметно да се заштедат? Или ако се земе некој станбен кредит да се отплаќа рата? Живеење по кирија ми е крајно безцелно пари фрлање... зборам за вакви случи како ти што кажуваш, ќе живеам сам на 15мин од дома хехех
не секој се родил во главен град или град кај што има факултет на кој што сака да студира,значи сакал или не сакал мора да живее под кирија.Тоа е една работа,друга е дека не секој има обезбедена сигурна работа и доволен приход на страна за да може да уплати депозит за станбен кредит.Значи јас никому не посолив памет што треба и како треба да го живее животот,значи секој сам си одлучува според можностите и желбите.Ако дадов предлог опција не значи дека треба да се прифати.Јас раскажав како јас почнав и до каде стигнав,може тоа не ме прави успешна но ме прави задоволна од некои чекори што сум ги презела до сега во животот:)
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Со дечко ми, во изнајмен стан.

Јас уствари живеам сама, т.е. оделена од моите од мои 19 години.
И ова не значи дека трчам кај мама секој викенд, чекам да ми готви јадења што ќе ги замрзнувам, собирам купишта алишта за да ми ги пушти во машина ( мислам која глупост ми е ова, ко да не знаеш копче да притиснеш)....значи не, мојата самосталност значи самостојност во вистинска смисла на зборот.

Јас 50 денари немам земено од дома и сето ова најмногу се должи на мојата тврдоглавост и убедување дека сум способна да застанам на нозе сама.
И би.

И да не се лажеме, не е едноставно и лесно да живееш сам. Зашто треба да се грижиш за се, за јадење, за сметки, за облека, за хигиенски препарати....и се со ред. Треба да се учиш да стануваш домаќин :D
Да знаеш да го органзизираш својот живот, финансии, своето време....навистина не е лесно.

Жално е тоа што повеќето би живееле сами само поради фактот дека тоа е некое западњачко помодарство, мислам да не живее со мама и тато и да може да прави што сака, ако во денот по два пати цвили на телефон со мамичка.

Мене искрено ми е убаво сама, се навикнав...па поминаа 7 години побогу.
Мене кога си идам дома и останувам на неколку дена, сафра ме фаќа.
 
Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
Мама,тато и бато типично македонски , а толку копнеем по свое сопствено станчеее ,за жал ова е Македонија и така стоја работите овде ,за разлика од високоразвиените земји каде веќе од 15 години децата имаат право да работа а веќе до 18 години си имаат сопствен стан во кој нормално тука е државата са помогне ,пошто за џабе не им плаќаат толкав данок на државата , а кај нас работи ,работи и пак немај ништо :place:place:eek
 
Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
не секој се родил во главен град или град кај што има факултет на кој што сака да студира,значи сакал или не сакал мора да живее под кирија.Тоа е една работа,друга е дека не секој има обезбедена сигурна работа и доволен приход на страна за да може да уплати депозит за станбен кредит.Значи јас никому не посолив памет што треба и како треба да го живее животот,значи секој сам си одлучува според можностите и желбите.Ако дадов предлог опција не значи дека треба да се прифати.Јас раскажав како јас почнав и до каде стигнав,може тоа не ме прави успешна но ме прави задоволна од некои чекори што сум ги презела до сега во животот:)

ја не ти противречам, само прашав ;) а факт е дека во Македонијава наша мала и убава далеку од сигурна ни е и работата а уште помалце мизерните приходи со кои месецот едвај се тера а камо ли да си дозволиме кредити за стан (исклучок има кога мама, тато, баба или дедо ќе шитнат две ниви па имаш пари за добар стан/куќа на убава локација). Само ме занимаше твојата логика на живеење под кирија во однос на тоа да се штедат тие пари и да се земе нешто што може да се нарече “свој дом“. Ама јбг и од комплекси си пати македонецот, мора да се сите у скопје и сите у центар, повеќе се у стање да плаќаат 500 евра кирија ама да бидат у центар него да купи поевтин стан негде на периферија кај што цените се дупло помали.
 
Потребата за школување не е комплекс
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Живеам со родителите, брат ми и баба ми. Ако не на 18год., најмоногу до 20год. сакам да живеам сама.