Со кого живеете?Со родителите?Партнерот?Маж,свекор,свекрва?
Што мислите за оддлено живеење од своите родители по наполнување на 18 години?Дали во оваа држава имам услови за ова?
Подобро е да пробаме да сме самостални или подобро е кога целото семејство е на куп,колку поголемо семејство на едно место подобро или?
Јас сум за одделување од родителите на свои 18 години,малку овде кај нас и немаме баш лесни услови за тоа но вреди да се обидеме,да се потрудиме да си го овозможиме тоа.Самосталноста е убава работа за градење и зајакнување на карактерот.Јас живеам сама односно без родителите од свои 18.Не дека беше и е лесно тоа,не дека не ми недостигаат но од друга страна тоа ме направи поцврста а и позадоволна од самата себеси.Понекогаш и јас сум желна за готов ручек,понекогаш ми е преку глава од сама да пазарам и чистам но сепак ова е мојот избор.
Живеам некогаш сам, некогаш со моите.
Кога имам премногу работа, кога навистина не можам сам да си правам јадења и да си перам алишта тогаш одам кај моите и мајка ми ме средува комплементарно.
Кога сум поолабавен со обврски тогаш си живеам сам во свој стан, некогаш другарите доаѓаат на една недела, па девојка ако има и така.
Многу е убаво да живееш сам, од причина што се градиш како особа, го зацврстуваш карактерот и стануваш независен.Живеам одделно од мојата 17-та година а после препишување на станот си се опуштив максимално и го доживеав она, независен на 18 години.
Има услови да станеш независен ако го запнеш гзот ама навистина. Во животот имаш две опции.
Или да работиш и да се усовршиш во тоа што го работиш или да студираш.Ако не си способен да студираш тогаш работи.Не губи време.Животот е премногу краток. Со работење напорно и со штедење ќе можеш да си дозволиш и количка и некој мал стан доволен за тебе.
Дефинитивно е подобро да живееш сам иако слабост ми се палачинките на мајка ми и питата на баба