Ако се земи во предвид дека свадбата е само ВЕСЕЛБА со најблиските заради овековечувњето на заеднички живот меѓу двајца млади,ќе испадне дека баш како овие “про-западњачки“ со мини веселба се идеални свадби.
Сите свадби денес влечат селски корени од традицијата. Во дамнешно време, невестата сигурно немала врска со младоженецот,така да официјалното земање на невестата со сватови било одење кај неа дома. Денес, невестата две години преспива кај зетот, а сеуште се прави беспотребно традицијата -земање невеста.
Кога се оди со коли, се свири веќе умот да ти се извади.Во традицијата,оделе со зурли и тапани уште на влезот од селото да сетат оди иди зетот па да се потсреми побрзо невестата и да ги пречекаат. Што,денес доволна е и една СМС: идам?
Исто,одамна поради големи суеверија,религиозност,и бабини деветини, еден куп обичаи имало по свадбите. Па играњето оро пред куќа (вртење оро на сред село) фрлање пари,китење и што уште не. Денес не прави свадба само младоженецот и невестата или поблиските фамилии,туку цел комшилук. Имаше пред некое време свадба кај мене во маало, што да расправам. Мислам дека пола град разбра оти се земале. На крај краева, поентата на свадбата е мала веселба.Исто како некој што слави роденден, па прави веселба. Доволно е да се викнат најблиски роднини, дали дома дали во некое ресторанче без церемонии,јади пиј и весели се.
Музиката мора да ја спомнам.Зете мили зете, ти донесов млада невеста, крајно се без идеја денешниве свадби. Онака,како сите правеле така и тие. Стандард сликање,оро вртење и на крај од свадбата на плејбек 2-3 песни од Тоше. По се испаѓа,дека не е свадба за младоженците,туку свадба за старците.