Свадба - да или не? | Црнобело Форум

Свадба - да или не?

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Ако се земи во предвид дека свадбата е само ВЕСЕЛБА со најблиските заради овековечувњето на заеднички живот меѓу двајца млади,ќе испадне дека баш како овие “про-западњачки“ со мини веселба се идеални свадби.

Сите свадби денес влечат селски корени од традицијата. Во дамнешно време, невестата сигурно немала врска со младоженецот,така да официјалното земање на невестата со сватови било одење кај неа дома. Денес, невестата две години преспива кај зетот, а сеуште се прави беспотребно традицијата -земање невеста.
Кога се оди со коли, се свири веќе умот да ти се извади.Во традицијата,оделе со зурли и тапани уште на влезот од селото да сетат оди иди зетот па да се потсреми побрзо невестата и да ги пречекаат. Што,денес доволна е и една СМС: идам?
Исто,одамна поради големи суеверија,религиозност,и бабини деветини, еден куп обичаи имало по свадбите. Па играњето оро пред куќа (вртење оро на сред село) фрлање пари,китење и што уште не. Денес не прави свадба само младоженецот и невестата или поблиските фамилии,туку цел комшилук. Имаше пред некое време свадба кај мене во маало, што да расправам. Мислам дека пола град разбра оти се земале. На крај краева, поентата на свадбата е мала веселба.Исто како некој што слави роденден, па прави веселба. Доволно е да се викнат најблиски роднини, дали дома дали во некое ресторанче без церемонии,јади пиј и весели се.

Музиката мора да ја спомнам.Зете мили зете, ти донесов млада невеста, крајно се без идеја денешниве свадби. Онака,како сите правеле така и тие. Стандард сликање,оро вртење и на крај од свадбата на плејбек 2-3 песни од Тоше. По се испаѓа,дека не е свадба за младоженците,туку свадба за старците.
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Нема шанси тоа, толку кичерај, вештачки насмевки, лицемерие меѓу роднини и остали традиционални вредности не можам да гледам кога идам негде на таква класична свадба а камо ли да правам моја таква. Причини има еден куп, прво да бидеме реални таква свадба со сите пропратни перипетии испод 5000-6000 евра нема шанси да помине, друго кога веќе се фрлаат тие пари (баш за мене е фрлање на парите), попаметно е со тие пари девојката те невестата под рака и си фаќаш некое патување што ќе го памтиш цел живот, не знам куба, доминиканска република, некое крстарење или што и да е. Првите брачни денови ќе сакам на само да си ги поминам со дотичната особа, а не да ме замараат роднини и бабишта. Друга работа, што има да викам на свадба некои роднини кои само како име ги знам а некои не ги ни познавам или ги гледам само по свадби. Како тоа споделувам среќни моменти со некој што не ми е близок? Тоа што ми е роднина не го мења фактот дека не ми е близок и не ми значи апсолутно ништо во животот. А за лошата музика муабет да не праам, некои самопрогласени “музичари“ со розеви кошули, шатирани фризури и певаљка со изглед ко од бугарски порнич што повеќе вришти него што пее ама уопште не ми е синоним за забава и прослава, тоа од култура го трпам, ради почит према тој што ме поканил на свадбата каде што одам и секоја наредна таква свадба сум се посигурен дека кога јас би правел тоа не би го дозволил. Следствено на лошата музика, “бендот“, певаљката иде и орото. Е оро е работа што никогаш не ја сватив. Јасно ми е дека орото е наша традиција и обичај и тоа го поштувам ама кога тоа го играат играорци у традиционални носии и го свират луѓе кои се професионалци. Ама само за гледање на ТВ. А у кичерајски ресторан, да играм оро (никад ни сум играл ни па имам намера да научам), да вртам круг ко чакнат цела вечер ми е далеку од задоволство.
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Мислам дека нашите македонски свадби со по 300 гости се глупави и досадни...Јадење, пиење, седење и онаа досадното оро... Жени кои само одат на свадба за подоцна да можат да озборуваат колку не била убава невестата... Ваквите свадби се само едни глупави, застарени прослави во кои речиси никој не ужива. А нема причина да се прави нешто во кое не уживате.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Outrider

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Искрено,тие 5-6 000 евра можат да завршат во многу подобри цели,него ли хранење на алчни роднини кои ќе ги видиш на свадбата,а потоа може случајно и на некој погреб да се сретниш. Земањето невеста ја го рачунам еднакво на земањето нова кола, битно ти е да ја регистрираш и да го частиш некој близок пријател.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,236
2,329
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ова што ќе го пишам нема баш врска со темава ама има врска со чинот после свадбата т.е бракот. :) Додека си чекав ред во амбуланта една бабичка седна до мене и се зазборевме. Како што си зборевме ми рече: Знаеш ли што е бракот? Еден куп со го*на, а од горе е покриен со два прста мед. Ако го изедеш медот на брзина после тоа цел живот го*на ќе јадеш.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Не ....неможам да се замарам со тоа , и секако не сум таков тип што ужива на такви собирања. убаво е се разбира, тоа е убава работа но повеќе преферирам интимен собир.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Не сум тип кој сака гужви,ора,веселби,ивкови слави и слично, но сакам да си го обележам тој ден на мој начин.Со пријатна атмосфера,убаво ресторанче,убава музика,онака ептен опуштено.Не сакам голема свадба со 500 души гости,од кој пола и повеќе нема да ги познавам,туку само оние најблиските.
Нема да носам балски фустан сигурно,и круна на главата,ниту пак ќе плачам на ''Цреша се од корен корнеше''. И сигурно нема да кревам паники и пола година однапред да планирам каква боја да бидат салфетите и поканите, и какви нокти да си направам.Друга работа се секако финансиите.Како што имаат погоре напишано, парите за голема свадба со сите марифети со многу поголем ќеф би ги потрошила на некое патување,макар и викенд во Трпејца.Бесмислено е да трошам толку пари навистина.Додека мојата замисла сигурно ќе биде многу попристојна.
Сакам да изгледа како една опуштена интимна прослава со убави луѓе,убаво јадење и пиење и се разбира поклонот во плик!
П.С Се шалам за ова последното...
Ама кога подобро ќе размислам....:zelen
 

jasna

Нов член
6 декември 2013
9
3
3
37
Правевме свадба пред 1 година отприлика, мала со околу 100 гости стринки тетки :D ги истеравме сите адети :)
 

Boyle

Истакнат Член
23 ноември 2013
25
12
103
Да ама се по договор со идната сопруга.Од сечија желба по малку.Ќе се жртвуваме еден свечен ден во име на љубовта. :D