Свадба - да или не? | Црнобело Форум

Свадба - да или не?

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,236
2,329
1,153
Skopje
www.facebook.com
Што се однесува до мене никогаш не би имала свадба. Но кога би морала би ја направила само ради партнерот (доколку сака и тој) и родителите (да се порадуваат).
Немам ништо против традиционалните свадби само што пола и повеќе од обичаите што се применуваат не ги ни знам, а да ги учам не би се нафаќала но еве ако треба и тоа би го направила само сите да се задоволни мене и така и така тој чин многу не ми значи, тоа е чиста формалност малку дотерана.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,303
5,809
1,683
Disco
Ќе и` кажеш да си ги плати она сите трошоци зашто нејзин филм е. И плус да ти плати тебе ко актер у фиљмот.
Еве ти линкче, клик.


Многу поучни содржини на линкот :cool:
Може и на тој начин, иако би било малку грубо... добар начин е контрафилм при што би се споменале демек моите замисли, нормално бизарни и скапи, колку да се поништи филмот...
Имам кошмари од некои свадби на кои што сум бил, требаше со време да си направам магентна резонанца :( сега можеби е доцна , 6 часа изложеност на турбо фолк и полупијани ружњикави сурати...

Читам и се чудам, скромна свадба било 150-200 души, на стадион во македонија не се собираат на фудбал ни пола од тоа... каква би била нескромна, изнајмување на спортска сала и автобуси?!
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Нормално дека да.
Кој рекол дека свадбата мора да биде по воља на родителите (па и зар уште го има тоа) не се венчаваат тие, ни па имаат право да решаваат каква ќе биде, ни па ти имаш обврска да им удоволуваш на тој ден.
Не знам што да кажам навистина, свадба мене ме асоцира на нешто убаво и вечно, никако на наметната традиција што претставувала терет и замор. Па прославуваш љубов, не порази и неуспеси па да ти биде терет.

Кој како си милува, не мора да значи дека ако сите свадби се исти дека мора и нашата.
Какви 200 гости, не се венчава пепелашка со принцот. Доста ми е потесниот круг на фамилијата и пријателите.

Мене лично само тие адети ми се по малце застарени и напорни, одење по невестата, па тука цели сценарија, па играње ора пред комшиите.. Ехеее. Ама не значи дека не сакам свадба.
Ќе имам свадба секако, на мој начин, со музика каква што си слушам/е, луѓе кои сакам јас да ги викнам и на место што јас ќе си го изберам.

Убаво е да е така,но доколку во случајот тие ја финансираат свадбата,незнам дали ги прифакаат апсолутно замислите на децата.
Нели за нив цел живот нивните деца се деца.
Ако тие решиле да си ги канат роднините и пријателите до бројка 200 најчесто е по нивно.
Тој е ден на младоженците ама сепак тој ден и за нив има значање во смисол горди родители па да ги почастат своите блиски на тој ден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy, alba and Saladin

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Сакам свадба, и ќе правам свадба.
Без помпезности, скромна, без тематска обоеност. Иако моите не би сакале, ќе си се финансирам сама, т.е. сами со момакот.
Сакам да го прославам денот и чинот на стапување во брак, со најблиските околу мене, а тоа би значело до 150-170 гости од двете страни (максимум).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Јаболче

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
302
163
пред компјутер
Ај прашајте ги родителите дали нејќеле нивните деца да имаат свадба...

Објективно свадбата се прави, кад тад. Можеби не е на денот, можеби е во етапи. Но нема шанса да се избегне.

Субјективно е на што би изгледала истата. Најчесто младоженциве (посебно од попрозападњачки настроените култури) сакаат да изгледа што поскромно. Зависи факторот родител колку би се сложил за таквиот вид на свадба, ма колку и да младоженците одат против нивните желби.
Од моја гледна точка, сум бил двата вида на свадба (во наше поднебје). Посекако дека на скромните поубаво сум поминал, поради субјективни причини кои најпрво е дека не сум некој традиционалист, второ повеќе гледам кон космополитската страна, трето, не поднесувам секаква манифестација која потегнува многу протрачано време (под протрачано мислам на стварно разумно непотребни).

Потполно не точно.

Зашо мислиш така на пример?
Познавам луге што не се правиле свадба, и знам што не планираат свадба, без разлика на родителите што тука немаат врска поврзано со свадбата.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,217
753
Убаво е да е така,но доколку во случајот тие ја финансираат свадбата,незнам дали ги прифакаат апсолутно замислите на децата.
Нели за нив цел живот нивните деца се деца.
Ако тие решиле да си ги канат роднините и пријателите до бројка 200 најчесто е по нивно.
Тој е ден на младоженците ама сепак тој ден и за нив има значање во смисол горди родители па да ги почастат своите блиски на тој ден.
Така нека е кога финансираат тие.

Јас ваљда кога ќе стигнам до тој чекор во животот, нема да чекам од нив да ми ја направат свадбата.
До душа никогаш не сум ни чекала на нив, ама тоа е друга приказна. За мене лично е тоа што го пишувам на темава, дека не дозволувам друг да ми се меша и да ми вика стринки што прв пат ги гледам, па макар и да докажел со тоа колку горд родител е. Ако условот за помош при свадбата е тој со стринките, подобро и да не ми помагаат.
Се разбира дека има исклучоци како и секогаш, за тоа нема збор, ко во случајов што излегов јас исклучок, пошто сите свадби биле диктирани и финансирани од родителите.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,023
9,649
1,683
Normandy
Потполно не точно.

Зашо мислиш така на пример?
Познавам луге што не се правиле свадба, и знам што не планираат свадба, без разлика на родителите што тука немаат врска поврзано со свадбата.

Не, мојот поим за свадба повлекува и собирање по дома во неколку етапи, не значи дека свадбата е по „класичен“ традиционален пат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Јаболче

Полноправен Член
8 октомври 2013
30
23
8
36
Мене ми е преку глава од клише свадби. 5 саати оро и пријатно. Или 3 саати оро 2 саати Роки со бендот или Тумбао салса бенд. А, не ги бива. Досадно е. Монотони се свадбите. И месото прелиено со сос од печурки. И похованиот кашкавал и пирошката. Ох. Креативност некоја?
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,388
1,133
Yellow submarine
Јас не сакам свадба, нит да ја правам нит да идам на нечија. Едноставно не сум човек за такви собири.
Не сакам да правам зашто не поднесувам гужви, лигави ми се сите обичаи, одвратни сите диктирања од знајни и незнајни стрини и тетки како треба да се направи нештото, не сакам кршење витки снаги пред влез, кревање запотени мишки, цветни кошули и плескавица со компири у чинија.
И најважно, не сакам толку пари лупнати за еден ден на кој сите и онака ќе му најдат замерка и најголемиот дел од него ќе помине во фаќање забелешки и трачање...

Евентуално некој ептен мал собир на најблиските.
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
НЕЕЕ!!! Да споделувам така интимен чин со луѓе шо никогаш дотогаш не сум ги видела и никогаш повеке нема да ги видам - нема шанси. Може да се направи скромна прослава со најблиските, максимум 50сетина души. Реално и со толку луѓе може секојдневно да кумуницираш и да бидеш близок и да ти е мерак да се опуштиш пред нив. А одење по невеста,бел фустан и ред други клишеа не идат во предвид.