Лично, не гледам зошто да не. Убаво е таков ден да се обележи и прослави.
Но! Кога зборувам за свадба, мислам за веселба со најблиските, оние кои навистина се радуваат за тебе и секогаш биле тука, пристојно музиче и убав амбиент.
Едноставно, приватно и пристојно, тоа ми се трите збора за перфектна свадба. По можност на отворено.
Мене би ми претставувало огромен терет да терам секакви адети што потекнуваат уште од турско, да гледам да удоволам на 300 гости од кои 200 првпат ги гледам оти само за свадбата им текнало дека се роднини/пријатели. Не сакам да носам осило на глава, пердуви од паун и завеси околу мене.
Искрено и не ги знам толку сите тракатаници, ама од она што знам, најдебилно ми е ко некоја кокона да седам заклучена во соба, а надвор буквално да се пазарат за мене небаре на сточен пазар за кравата-музара се ценкаат.
Не сакам ко череша да се корнам од корен дури гостиве носталгично лијаат солзи, ниту пак „Од овој ден“ да ми ја свират на уво дури сопругот заносно ме гледа.
Не сакам слики од типот „Пепељуго на длану мом у облацима белим“ и остали фотошоп тракатаници со шкљ романтика и гости наредени за сликање ко восочни фигури. Сакам фотограф што уметнички ќе ја долови секоја емоција, да имам нешто за паметење, да можам да погледнам рандом слика и да речам „Аха, да, тоа и тоа се случуваше овде.“ Не знам што конкретно би сакала, ама затоа точно знам што не сакам.
Здравје, уште ми е прерано и да мислам за тоа...чек прво да се најде херојот.
р.ѕ. Не сум сигурна, ама мислам имаше слична тема.