Свадба - да или не?

Јаболче

Полноправен Член
8 октомври 2013
30
23
8
38
Свадба - Веселба која мора да се направи за да се прослави бракот од мерак на младите и семејството или наметната традиција која претставува "терет" и замор?
Еден ден измачување од утро до мрак со минимум 200 гости од кои 50% ги гледате прв пат во животот?
Кој е вашиот став? Каков тип на свадба вие сакате/сте имале?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Типувам за НЕ!
Многу глупости на едно место, освен јадењето и пиењето. Глупа музика, други луге и ја да се веселам таму пред нив? -НЕ!

Ако у животот правам свадба нема да биде како сите едноставни сигурно ке биде некоја друга измислена од мене и партнерот, и ќе има малце луге, онака за наш кејф!
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ај прашајте ги родителите дали нејќеле нивните деца да имаат свадба...

Објективно свадбата се прави, кад тад. Можеби не е на денот, можеби е во етапи. Но нема шанса да се избегне.

Субјективно е на што би изгледала истата. Најчесто младоженциве (посебно од попрозападњачки настроените култури) сакаат да изгледа што поскромно. Зависи факторот родител колку би се сложил за таквиот вид на свадба, ма колку и да младоженците одат против нивните желби.
Од моја гледна точка, сум бил двата вида на свадба (во наше поднебје). Посекако дека на скромните поубаво сум поминал, поради субјективни причини кои најпрво е дека не сум некој традиционалист, второ повеќе гледам кон космополитската страна, трето, не поднесувам секаква манифестација која потегнува многу протрачано време (под протрачано мислам на стварно разумно непотребни).
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Нормално дека да.
Кој рекол дека свадбата мора да биде по воља на родителите (па и зар уште го има тоа) не се венчаваат тие, ни па имаат право да решаваат каква ќе биде, ни па ти имаш обврска да им удоволуваш на тој ден.
Не знам што да кажам навистина, свадба мене ме асоцира на нешто убаво и вечно, никако на наметната традиција што претставувала терет и замор. Па прославуваш љубов, не порази и неуспеси па да ти биде терет.

Кој како си милува, не мора да значи дека ако сите свадби се исти дека мора и нашата.
Какви 200 гости, не се венчава пепелашка со принцот. Доста ми е потесниот круг на фамилијата и пријателите.

Мене лично само тие адети ми се по малце застарени и напорни, одење по невестата, па тука цели сценарија, па играње ора пред комшиите.. Ехеее. Ама не значи дека не сакам свадба.
Ќе имам свадба секако, на мој начин, со музика каква што си слушам/е, луѓе кои сакам јас да ги викнам и на место што јас ќе си го изберам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Свадба? Со оглед на тоа дека имам 17 први братучеди од страната на татко ми и 4 од страната на мајка ми. Самото тоа покажува дека свадбата би била преку 100 гости само најблиски роднини. плус пријатели, колеги од работа, се на се 200 од моја страна.
Фактички тоа би била свадба со 300 гости.
***
Затоа мојата свадба би била мала. само најблиските. Одбран круг. Парите не растат на дрво. (Влав сум барем 50%).

И онака свадбата е: Двајца луди и двеста гладни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Ја би у посебан дн да се иде у општину, за у цркфу незнам, не би ишја там да ми чатиф пијани попови.Значи тија глупости идење по снашку, глупи адети и остали стфари НЕ. А може и матичар да дојде у ресторан и там да си се потпишете. Мала сфадбичка сс најблиски људи, музика полајт настроена, а не да ми поеф мало виски мало кока кола.
Наши сфадбе су срање, исрекно, почни од адети и миљон мрцварења, па сфе до музику.Цел дн ни трае сфадба бре, од сабајле па сфе до афтер куде млади.
Јасно и гласно, дојдете у ресторан у толко, ке поседимо, ке пиемо и куснемо, кој е по играње нека крши штикле и ципеле и на крај ке броимо паре hahaha Најсрање ми е тој, поклон у плико цццц
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Лично, не гледам зошто да не. Убаво е таков ден да се обележи и прослави.
Но! Кога зборувам за свадба, мислам за веселба со најблиските, оние кои навистина се радуваат за тебе и секогаш биле тука, пристојно музиче и убав амбиент.
Едноставно, приватно и пристојно, тоа ми се трите збора за перфектна свадба. По можност на отворено.
Мене би ми претставувало огромен терет да терам секакви адети што потекнуваат уште од турско, да гледам да удоволам на 300 гости од кои 200 првпат ги гледам оти само за свадбата им текнало дека се роднини/пријатели. Не сакам да носам осило на глава, пердуви од паун и завеси околу мене.
Искрено и не ги знам толку сите тракатаници, ама од она што знам, најдебилно ми е ко некоја кокона да седам заклучена во соба, а надвор буквално да се пазарат за мене небаре на сточен пазар за кравата-музара се ценкаат.
Не сакам ко череша да се корнам од корен дури гостиве носталгично лијаат солзи, ниту пак „Од овој ден“ да ми ја свират на уво дури сопругот заносно ме гледа.
Не сакам слики од типот „Пепељуго на длану мом у облацима белим“ и остали фотошоп тракатаници со шкљ романтика и гости наредени за сликање ко восочни фигури. Сакам фотограф што уметнички ќе ја долови секоја емоција, да имам нешто за паметење, да можам да погледнам рандом слика и да речам „Аха, да, тоа и тоа се случуваше овде.“ Не знам што конкретно би сакала, ама затоа точно знам што не сакам.
Здравје, уште ми е прерано и да мислам за тоа...чек прво да се најде херојот. :D
р.ѕ. Не сум сигурна, ама мислам имаше слична тема.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Нормално дека да.
Кој рекол дека свадбата мора да биде по воља на родителите (па и зар уште го има тоа) не се венчаваат тие, ни па имаат право да решаваат каква ќе биде, ни па ти имаш обврска да им удоволуваш на тој ден.
Не знам што да кажам навистина, свадба мене ме асоцира на нешто убаво и вечно, никако на наметната традиција што претставувала терет и замор. Па прославуваш љубов, не порази и неуспеси па да ти биде терет.

Кој како си милува, не мора да значи дека ако сите свадби се исти дека мора и нашата.
Какви 200 гости, не се венчава пепелашка со принцот. Доста ми е потесниот круг на фамилијата и пријателите.

Мене лично само тие адети ми се по малце застарени и напорни, одење по невестата, па тука цели сценарија, па играње ора пред комшиите.. Ехеее. Ама не значи дека не сакам свадба.
Ќе имам свадба секако, на мој начин, со музика каква што си слушам/е, луѓе кои сакам јас да ги викнам и на место што јас ќе си го изберам.

Си била кај другарки на свадба? Си ги прашала кој повеќе се нервира за свадбата, кој организира, кој вика стрини, баби, пријатели?
Традиционалната свадба итекако зема замав уште повеќе. Само може да биде прекината поради како што горе кажа Аквариус - немањето на економски средства. Само... и за тоа се креваат кредити. Ако се нема презадолженост предтоа не?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Свадба? Не. Барем не сум во план некогаш да правам. Кај мене у фамилија гледам се одбегнуваат свадби зашто ете им било поубаво да си се соберат дома најблиските 30тина луѓе и да си направат една гозбичка мераклиска. Мене ми е глупаво да правам веселби и да напојам и најадам 300 луѓе кои првпат ги гледам у живот и нема да ги видам никад више, а они као демек пијат и јадат за мојата среќа. Пфффф.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Си била кај другарки на свадба? Си ги прашала кој повеќе се нервира за свадбата, кој организира, кој вика стрини, баби, пријатели?
Традиционалната свадба итекако зема замав уште повеќе. Само може да биде прекината поради како што горе кажа Аквариус - немањето на економски средства. Само... и за тоа се креваат кредити. Ако се нема презадолженост предтоа не?
Не сум била.
И чудно ми е сеуште како може некој да дозволи неговите да му ја диктираат свадбата!?
Да ми викаат стринки и бабички без да се консултираат со мене? Да се нервираат зошто не е по нивно на таков ден?
Сигурна сум дека се малце такви родители.