1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Свадба - да или не?

Дискусија во форумот 'Свадба' започната од Јаболче, 31 октомври 2013.

  1. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,105
    А ти би зел некоја што повеќе се радува на невестинскиот фустан отколку на самиот чин свадба. Подобро да се спречи отколку да се лечи.
     
  2. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    А ти би раскинал со некоја само зошто сака да облече бел фустан?
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,105
    Нормално дека не би сакал да ми е повеќе девојка, би ја унапредил во жена разбираш. Напреден level :D
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rain-bow

    rain-bow Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 ноември 2014
    Мислења:
    174
    Допаѓања:
    79
    Ние не сакавме свадба, ама ете паднавме на испитот. Единци сме и двајцата, па сакаат да се потрудат се да ни овозможат. После сакавме помала, ама ни тоа не ни успеа, едноставно не иде никогаш по планот. Најдобро е само регистрација, без ништо додатно, ама ние едноставно не можевме да се расправаме дома.
     
  5. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Како што поминува се повеќе време, се помалце сакам свадба. Сакам да го прославам моментот, но тоа да биде преку ручек/вечера со најтесниот можен круг на најблиски. Сакам да носам бел фустан, не мора да биде тоа класичен невестински, но сепак сакм да изгледаме како невеста и младоженец. Во попладневните часови матично, а потоа вечера. Најубаво.

    Никогаш не би дала 3000 евра (што е стандард за една обична свадба со сите детали) за свадба. Подобро би потрошила 1000-1500 за ова погоре напишаното, а со остатокот би заминеме некаде на патување. А да собирам 200 луѓе и да ги најдам и напијам... НИКОГАШ.
     
    На MoonFairy и Saladin им се допаѓа ова.
  6. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,275
    Допаѓања:
    1,896
    И јас го имав истиот став кон свадбите и го направив она што го напиша ти...
    Се’ на се’ 25 луѓе...буквално најблиските...матично, па после во ресторанче со интимна атмосфера...мсилам дека поубаво неможеше да биде...опуштено, слободно, расположено...
    А да,и јас сакав некој бел/беж (не класичен невестински) фустан за на крајот да испадне бордо :zelen
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Fashion.Lover

    Fashion.Lover Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2015
    Мислења:
    297
    Допаѓања:
    83
    Јас не сакам некоја голема свадба. Сакам некој или вечера во некој интимен ресторан и матично со 30 максимум 40 луѓе.Ама мајка ми и покрај толку молби од моја страна да не вика подалечни роднини,комшии и што ти не,си викнала,ама знам дека нема да дојдат,освен некои и затоа сега ќе бидат 50-60,ако не и повеќе.100 пати им имам кажано ако се сакаме можеме да живееме заедно и без тој лист хартија,на кој се регистрираш.
     
  8. MacedonishQueen

    MacedonishQueen Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 јуни 2015
    Мислења:
    205
    Допаѓања:
    131
    Зарем не? Секако да!
    На секоја девојка му е сон да се види во бела венчаница а и мислам дека секоја девојка сонува за денот на свадбата. Тоа е најубавиот ден од твојот живот, ден кој ќе се памети засекогаш. А тоа адети, се интересни работи :)
    Не е битно колку луѓе има, битно е ти да си поминеш убаво бидејќи овај ден ти се случува само еднаш, еднаш се доживува таа возбуда. :sreken
     
    На Mnogo Bitno му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    970
    Јас сум за да.
    Кога би било не, сите би доаѓале дома да ти честитаат и поголем би бил трошокот. Вака сите во кафана среќни и радосни, плус не е како порано сега кога им оделе на свадба со сервис за кафе или со пегла за алишта. Сите имаат придобивка од свадбата. Брачеда ми ќе се мажи за два месеци и баш муабетот го правевме со повозрасни. Подобро свадба, од колку села година дома да ти се врткаат луѓе за честито. :)
     
  10. MATEJA

    MATEJA Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    29 мај 2014
    Мислења:
    280
    Допаѓања:
    247
    NE zatoa sto modernite luge ne pravta svadbi so onie selki iliteni obicaiii i ne bi pravela.
     

Сподели: