Свадба - да или не?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не сум била.
И чудно ми е сеуште како може некој да дозволи неговите да му ја диктираат свадбата!?
Да ми викаат стринки и бабички без да се консултираат со мене? Да се нервираат зошто не е по нивно на таков ден?
Сигурна сум дека се малце такви родители.

Ewe underestimated their power... веруј.

Колку и да ти звучи ова чудно, но еве знаеш некоја твоја другарка. Веруј дека кога ќе дојде времето поимот „свадба“ да се стави на дневен ред, ќе ја видиш целата „светост“ на семејството во право светло. И не, не дека нема да се консултираат со тебе, но.. секогаш ќе биде последен нивниот збор.

Најчесто е вака. Има и искључоци. Ама ретки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас не би правел воопшто, и покрај тоа што ме сметаат за изразито романтична особа, но што ако идната сопруга си има свои замисли за тоа, отсекогаш мечтаела за свадба, за свадбарски фустан, за сета церемонија? Би требало да и се скрши филм скроз а тоа некако не е добар почеток на брак.... компромис?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас не би правел воопшто, и покрај тоа што ме сметаат за изразито романтична особа, но што ако идната сопруга си има свои замисли за тоа, отсекогаш мечтаела за свадба, за свадбарски фустан, за сета церемонија? Би требало да и се скрши филм скроз а тоа некако не е добар почеток на брак.... компромис?!

Ќе и` кажеш да си ги плати она сите трошоци зашто нејзин филм е. И плус да ти плати тебе ко актер у фиљмот.
Еве ти линкче, клик.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Зарем луѓе вие свадбата ја гледате како измачување од утро до мрак? Воопшто не е така. И воопшто не мора да биде „издиктирана“ од страна на родителите.
Ама затоа што повеќето младенци немаат просто кажано „пипер во очи“ па сѐ плаќаат мама и тато, нормално е дека ќе мора да слушаат.
Мојата свадба си беше со најблиските пријатели и роднини, се направи во хотел што го избравме ние(надвор од градот), имаше одлична веселба немаше многу традиционални работи и си поминавме одлично.
И не жалам во ниту еден момент што ја направив таа свадба затоа што ја имам како еден од најубавите спомени во глава. Сите блиски луѓе на купче, играње уживање... (иако за жал една од најважните личности не беше крај мене)
И тоа, „поканување на луѓе што прв пат во живот ги гледате“. И тоа е последица на тоа кога родителите си го прават списокот на поканети.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Мене ме интересира како сакате да правите свадба без традиционалности и обичаи кога тоа и се главните карактеристики на една свадба. Појаснете ми што подразбирате под свадба? Впишување во матично? Ручек во хотел?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha, Oleri and existence

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Мене ме интересира како сакате да правите свадба без традиционалности и обичаи кога тоа и се главните карактеристики на една свадба. Појаснете ми што подразбирате под свадба? Впишување во матично? Ручек во хотел?
Свадба = чин за прослава кога формално и официјално го избираш својот животен сопатник.
Во тоа спаѓа - венчавка во црква (која поради оправдани причини не ја направивме во ист ден со големата прослава) - запишување во матично - прослава во ресторан.
Традиционалностите се прескокнаа исто така поради оправдани причини.
Пример, се прескокна земањето на невестата од нејзиниот дом, затоа што нејзин дом веќе со години беше мојот, живеевме заедно.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Свадба = чин за прослава кога формално и официјално го избираш својот животен сопатник.
Во тоа спаѓа - венчавка во црква (која поради оправдани причини не ја направивме во ист ден со големата прослава) - запишување во матично - прослава во ресторан.
Традиционалностите се прескокнаа исто така поради оправдани причини.
Пример, се прескокна земањето на невестата од нејзиниот дом, затоа што нејзин дом веќе со години беше мојот, живеевме заедно.

Тоа ми е и зборот, свадба без обичаи не е свадба. Таа е сето тоа заедно и црква и општина и хотел и обичаите. Твоето било оправдано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас за свадбата како чин мислев дека е сосема непотребна работа. Велев дека е фрлање пари, безпотребно малтретирање од утро до мрак, велев дека не сакам да ги гледам луѓето кои и онака пред тоа не сум ги видела никогаш, ниту ќе ги видам потоа...
Но, моето размислување се смени пред неизвесно време кога мојата најдобра другарка се омажи и правеше свадба.
Релативно мала савдба, околу 150 луѓе, пред се нејзини и негови другарки, потесната фамилија од двете страни и што помалку адети.
Невестата стана во 11 наспана, дојде фризер и шминкер дома, ја средија, ние отидовме кај неа во 3 часот, во 3ипол дојдоа сватовите со младоженецот. Туркање на врата и кршење погача, две ора надвор и ајт во црква во 5.
Церемонијата во црква прекрасна, барем мене ми беше. Матично во ресторанот од 6ипол, од 7ипол почна прославата со музика и се..
прв валцер, свадбена торта, фаќање бидермаер... дали дека ми е најблиска па светкав од среќа и ништо не ми беше мачно или не знам што беше... но дефинитивно од тогаш, се согласувам да правам свадба во така некоја кратка верзија : )
Убаво е, навистина е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem and Јаболче

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Јас цел живот велев дека не сакам свадба. и така се договоривме. Кога тоа им го соопштивме на родителите, на мајка му и потекоа солзи,но и татко ми не беше воодушевен, но се сложи. После неколку дена решив да имаме свадба зашто сепак е тоа можност за двете фамилии да се развеселат. Организацијата ја направивме сами, вкупно 200 гости, најблиските, без многу обичаи, црква итн.Не се каам и ни беше убаво .
Јас сум за свадба без претерување во трошоци, дарови, и други глупости. Која е логиката да се земаат кредити за да биде што поубава и пораскошна свадбата?