Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ќе те однесе на крај на светот, без да се помрднеш...
Ќе почувствуваш како се раѓа нова религија на врвот на усните...
Па веруваш...
Се предаваш...
Со јазикот на боговите ти ја испишува вечноста,
а нозете како да сакаат да ти откажат...
Љубов се вика...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Поезија...лавиринти...и катакомби...
Царство на мирната осаменост...
Ти не можеш таму Душо..
Но можеш да донесеш стих,
тежок, болен и тих,
кој ќе се испее сам во себе,
залог за нашиот мир...
Поезија...лавиринти....и катакомби...
Моето вечно царство...
Ти не можеш таму Душо...
Но можеш да донесеш цвеќе,
восочно, бело со мирис на свеќа,
може ќе ми се допадне....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Поезија, лавиринти, катакомби, можеби на оние седумте заспани во Ефес, можеби нашите одамна закопани, само те молам не крши го сонот пред кој ме испраќаш во ноќта и после кој ме дочекуваш во денот, не ќе можеш да го составиш и на колена да паднеш, остани во мојот дом во кој не се бришат така лесно спомените наши, во кој те нагостив со мојот неискажан свет и се заљубив во твојот, не буди го ѕверот во мене кој го заспа со твојата предаденост и усни понежни од ветрот со кои ме воздигна од пепелта железен и вечен,
моја најголема слабост,
во твоите раце истечена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Се навикнавме да се прикрадуваме еден на друг во сонот, ко развигор на летно фустанче. Со сенките запознаени, со душите соединети. Одамна паднаа маските... Веќе ги познаваш сите мои ангели и демони... Ја познавам длабочината на твоите стравови, жестината на гладта, немоќта на жедта...
И секогаш кога ќе ти се приближам за чекор повеќе, завршува едно мое Јас и почнува друго.
И секогаш кога ќе ми се отвориш за чекор повеќе, завршува едно твое Јас и почнува некое друго.
Те чувствувам во тишината,
Ме чувствуваш во спокојот.
Мирно спиј.
Лицето ти е топло и спокојно.
Сѐ што имам во себе, сѐ што чувствувам, сега е и дел од тебе.
 

Artur

Истакнат Член
23 април 2019
3
3
303
27
Ехх.. таа пролетна вечер таа вечер во кој за момент се смени се, кога моето срце се растрепери кога почнав да љубам без смисла дали постои утрешниот ден, бевме важни само јас и ти и нашата клупа... а денес, денес љубов моја јас се вратив на старото место на нашата клупа, така сам без тебе, но со спомените од тебе и сеуште го памтам нашиот прв бакнеш, нашата прва прегратка, колку ли само времето брзо минува а спомените остануваат свежи сеуште болат ... ахх колку би сакал да те сретнам повторно таму, но ти ме остави љубов замина без поздрав, а јас, јас умрев без да починам.... Те сакам! Збогум