Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Еј ти,
што мислиш дека немаш ништо посебно,
што е и нормално, кога не сакаш да гушкаш,
а знаеш дека си сјаен во тоа,
знаеш,
знам дека знаеш,
ти што си горд
на количината пиво
што можеш да го испиеш,
ти што кога бакнуваш
тргнуваш со трета, наместо со прва,
да ти,
не ти вреди што ќе се средуваш,
сигурно си отечен од пивото,
носот зацрвенет од ветрот,
дур ја гасиш последната цигара,
пред да легнеш,
Ти себичен,
ти паѓа ли бе некогаш на памет
дека недостигаш?
 

Pillow

Староседелец
1 декември 2017
18
38
1,013
Биди ми среќен...
Не прашувај, дали и колку сум јас среќна...
После сите лузни што на душата ти ги оставив...
После сите години чекање, разбирање, трпеливост...залудни...
Ти ни еден лош збор за мене не изусти..
Колку ли е чиста твојата душа?
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Кога приказната не води никаде, ти ќе се создадеш од пепелта и од трошниот џеб ќе извадиш стих љубовен над сите што сонуваат, стих кој ќе ме оживее барем за уште еден див здив, од кој пелтечат разбудените, во базиликата на љубовта, во која веруваат и безбожните.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Tivko zaspij vo srceto so mir na novorodeno, visoko izdigni se vo spomenite so kosmichka golemina.
Vo mirisot na zadocneta prolet I vo rana esen bezkonechno te chuvstvuvam .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and -alf-

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ги препознав во тебе лицето и сенките на љубовта, изворот на космосот истечен во виното на боговите, после кое никогаш нема да бидеме исти, а толку слични, безимени ноти со кои заспиваат блудните и се раѓаат ѕвездите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Можноста да те љубам можеби не е почетокот на нова љубов, но ми го насмевнува срцето, со кое можам да продолжам под солзното небо, да ги откривам осаменоста и смртноста на моето тело, во брчките на времето, газејќи врз огнот на нашиот прв бакнеж, под воздивот на дрвјата, напластени под нашите сенки, отсечени со твоето не можам во спојувањето со вечноста, колку проклето бев среќен тој ден, еден.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Убавината е во едноставноста. Едноставно....ќе останам недоречена (wasntme)
Фор јуPicsArt_11-28-06.53.00.jpg