Поезија, лавиринти, катакомби, можеби на оние седумте заспани во Ефес, можеби нашите одамна закопани, само те молам не крши го сонот пред кој ме испраќаш во ноќта и после кој ме дочекуваш во денот, не ќе можеш да го составиш и на колена да паднеш, остани во мојот дом во кој не се бришат така лесно спомените наши, во кој те нагостив со мојот неискажан свет и се заљубив во твојот, не буди го ѕверот во мене кој го заспа со твојата предаденост и усни понежни од ветрот со кои ме воздигна од пепелта железен и вечен,
моја најголема слабост,
во твоите раце истечена.