Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Just Smile

Нов член
20 јануари 2019
24
22
3
Ти си толку комплицирана, а јас толку вљубен во тебе и во тоа откривање на шифри, наместо користење зборови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ballet is my life

Artur

Истакнат Член
23 април 2019
3
3
303
27
Помина една недела, ќе поминат уште многу, но јас никогаш нема да дознаам што се промени во една вечер што беше тоа толку силно што ме скрши, не таа вечер не беше тоа ти, таа што те зннаев предходно, не беше таа од нашата прва средба, не беше девојката чии очи беа полни со надеж, љубов и среќа, не беше девојката чија прегратка беше посилна, поголема од планина, едноставно не беше ти!!! Мора ли толку да боли ова! Сакам да знаеш дека нема да се откажам од нас! Те сакам ! (brokenheart)(brokenheart)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Каде си
кога ми треба рамо за молчење,
од едното до другото око
каде си
да те видам па да ги затворам,
од едната до другата рака
каде си
да те прегрнам па да ги склопам на градите,
кажи ми
каде си
и верувај
ќе те бакнам
таму каде повторно ќе ти пораснат крила.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Пронајди збор за кој душава те моли,
исконски и недопрен,
збор од кој крвта несвесно почнува да тече,
пронајди збор налик на сказна,
во која самовилите цветаат во ноќта,
збор од кој срните пијат во твоите зеници,
само еден збор донеси го со дивиот ветер кој носи невреме,
дожд и бакнежи,
бура околу срцево,
уморна од чекање и лелекање,
неизбежна ко смрт,
што не се дели од мене,
како немот што ми е крик,
а погледот длабоко жуборење,
пронајди збор откинат од бреговите,
на сите осамени,
на сите незасито прогонувани,
што ја пеат пролетта во нивните песни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*