Никогаш не се вклопив никаде, секогаш имаше некој страв во мене што ме спречуваше да се отворам, темнина со која се гледавме очи во очи, празнина, во која пропаѓав секогаш кога ќе се обидев да ја потполнам. И бегав, бегав од себе, од сите, во обид да се заштитам од болка...дур не те запознав тебе. Со тебе сѐ има смисла, со тебе јас сум Јас, со тебе сѐ е полесно, со тебе и болката е поднослива, поради тебе брзам да се разбудам, светот има боја...
А ти си толку зезнат, што правиш јас да се чувствувам разумно. И поради тоа те сакам, и поради тоа сум неспособна да се откажам.