Сега си тука, те имам, мој си. Но се е џабе. Се е џабе ако мора да се криеме, да бегаме, да се плашиме некој да не не види. Зошто да ја криеме љубовта? Зар љубовта е нешто забрането, недозволено? Зар несмее некого да сакаш? Зар несмее да најдеш некој кој ќе ти го разубавува секој ден? Зошто на нас тоа ни е забрането? Зар сме поразични од сите, па ние несмееме да сакаме?Зошто наместо да уживаме и да бидеме среќни ние мора да мислиме за тоа што да правиме, како да избегаме и да се спасиме? Се уморив веќе, цел живот е борба, борба која нема крај. Ќе се избориш за нешто, и таман кога ќе помислиш дека е готово, дека можеш и ти да уживаш, ќе искочат уште еден куп нови борби. И така цел живот. А за што се бориме? Зар неможе бар еден ден да помине без некоја борба? Бар еден ден да уживаме во тоа за што сме се избориле. Толку од мене љубов, доволно се борев, неможам повеќе. Оставам се на тебе, твој ред е. Сега се зависи од тебе. Ако успееш ќе одиме заедно понатаму, ако не, за жал секој ќе мора по свој пат. Знам дека бев секогаш таа која последна се откажуваше и таа која секогаш беше позитивна. Но неможам повеќе. И јас треба да живеам. Извини, но јас се откажувам, сега се зависи од тебе. Со среќа!