Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Убав ден...:)
Мислам дека конечно ќе излезам од зимскиот сон и ќе се замешам со народ, воздух и нешто смог...
Маршутава работа - дома, почна сериозно да ме убива у поим.

Ајт со здравје!
 

Lorejn

Полноправен Член
15 февруари 2012
68
82
18
Само нека е топло надвор, како што изгледа со сонценцево низ прозор.:rolleyes
 

Зумбула

Истакнат Член
20 февруари 2012
56
54
318
Дотолку ја отупеа со предлозиве за брак преку електронски гласила, што ако копукот не ми предложи брак преку Фејсбучниот зид, не го земам, па и Јана ако сака мајка нека му биде.
:unsure
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Не, ова не сум јас. Јас имав инспирација, амбиција, желба... Сега ја немам. Денес ја немам.
Не сум јас ваква. Јас сакам да одам подалеку и погоре. Да постигнувам повеќе. Ова денес не сум јас.
Требаше сабајле да се свртам од другата страна и да го игнорирам аларамот. Ќе си направев нешто добро себеси.
Совеста во мене проговори и станав. По ѓаволите.
Знам, вторник е. Мојот ужас. Го мразам, секогаш сум го мразела.
Мислев дека песните на VH1 ќе ме расположат малку, ама не. Во ваквите вторници лек ми е Петар Грашо и неговта „Уторак“.
Песната чија поента никогаш не ја сфатив....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Надвор не ми се излава но морам, многу е ладно и ветер дува. :( Сакам сонцеи кога ќе биде топло нема да се жалам поубаво ми е во пролет и лето. :)
Ме расположува тоа што по пат ќе си купам нови книги (happy).
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
696
93
34
Скопје
Ми се спие :D што е со мене, веќе цела недела ми се приспива накај 22-23 часот :D многу работам изгледа :D
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Само што се истуширав и автоматски сум полузаспана. Имам подочници како модри патлиџани.
Сега седам полугола, пијам какао сама и тонам во мекости. Ах.

Мачките под прозор се уште полудуваат, хормони вријат, февруари не се откажува а мене ми треба една масажа и оргазам на духот и сите сетила. И ми треба плус сонце, да.

Денес индиго небо и чукнато време.
Утре ќе биде обична среда.
 
Статус
Затворена за нови мислења.