Сите јадат корнфлекс за појадок или вечера, а јас... Јас за ручек.
Да, се правам наопаку. Штета што не се родив наопаку...
Сфаќам дека не секогаш ако подизлажеш ќе се потспасиш. Во денешниов мој случај, заглавив. Мислам малку де. Мало проблемче се создаде. Ама моите проблеми ги решава некој друг. Скоро секогаш. Ова денешново спаѓа во тие
скоро.
Сфаќам дека немам живци за предавање и учење. Т.е. сфатив дека професијата професор не е за мене.
Јас немам живци на мојот роден татко да му објаснам како функционира телефонот, не пак да се расправам со 100 и кусур нечии деца. Па уште ако се како оние мои таканаречени соученици....јака им душа на моите сакани професори.
И тоа... Се потрудив да заминам од мојот најомразен час Физичко и наместо времето да го искористам порационално јас седнав пред компјутер. Хах, чекај, чекај, што тоа јас пишувам?? Па не седнав да дремам на компјутер, јас работам.
Да бе, па нели сум модератор! Вие пишувате, а јас трчам по вас и ве проверувам...
И после мене ми велат, ништо не правиш, цел ден си на тој компјутерот... Ццццц, која безобраност.