Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Денес - типичен ден на факултет. Скрипти, книги, колеги газолижачи, кафе, мечтаење и многу ветер.
Понеделник, замотан во фолија се штити од ветерот, а Годо нема да дојде. Затоа пак пролетта со сигурност иде.

Овие два дена ми беа исполнети со огромна количина на хедонизам.:rolleyes Еден куп храна, љубов малку помалку ( :unsure ) , гости многу повеќе, музика, дружења. Под креветот си најдов недосонувани соништа.

Сега сум уморна и летам со мислите додека нозете ми висат. Креветот ме вика на дружба која не можам да ја одбијам. :cloud
Имајте убав ден!:sleep

И заборавив во претходниот пост да кажам дека денес после предавање се замуабетив со една личност. Уште еднаш се потврди тоа дека некои не го заслужуваат комплиментот на рационално спротивставување. :bomb Никогаш нема да те заборавам, само ти оди! :kafe :pusi
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur and Scars31

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Сакам да кажам дека ми се спија и дека вчера си поминав прекрасно :D
 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
СДК дека едвај чекам да пројде месецов а воедно и проблемите. Сакам да биде пак како на почетокот, ама.. ама.
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Си се заиграв во играчницана ама ептен интересно ми е :)
И сега да одам да спијам уште малку дека преморена сум од долгото 4 часовно патување за кое не ни сакам да зборувам, едвај издржав...
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
696
93
34
Скопје
Ме нервира кога некој ќе ти се закачи на тел и не му текнува да исклучи...на пример мене ми се јаде па сум тргнала да јадам, или ќе гледам тв или ми се оди у вц :D и некој на тел: ееее ало, абе што правиш (бла бла 5 минути поздравување) абе сакав да те прашам бла бла бла (10 минути) и на крај: ееее фала многу ајде чао (по 5 минути) еј да ти кажам ова, е ајде чао сега, ајде чао, се гледаме, чао, поздрав, поздрави по дома, ајде па ќе се слушнеме пак (4284282 минути поздрави) па да му се смачи на човек :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.