Рандом факти за мене

Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
- научив да читам на 4 години
- ко сум била бебуш сум била црна ама после сум побелела (мама прв пат за то ми кажа ко бев в градинка и не можев да престанам да плачам :rofl)
- мразам џигер
- обожавам лазањи и се шо е чоколадно
- еднаш немав домашна работа (во 4то одд) и читав на празно :sram
- моите не ме пуштаат да чувам домашно милениче и еднашка донесов маче мало во кутија и кутијата под кревет -.-
..... не ми теквит друго -___-
 

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
28
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
-Бидејќи сум бил голем плод роден сум со царски рез во Државна во 23:00 и сум тежел 4.5кг.
-Се имаме селено 5 пати.
-Како мал сум имал многу светла коса сега иам темно смеѓа.
-Го мразам градот во кој живеам.
-Никогаш не сум прател спорт и се на се иам гледано околу 10 натпревари.
-Уште како дете сум почнал да гледам Сексот и градот и никогаш не престанав.
-Во прво одделение добив ,,китки“ и ги пренесов на сите дома.
-На одмор во Египет добив диареа а после и температура.
-Не јадам месо ...освен стек .... обожавам стек.
-Нема ден да не изедам нешто благо.
-Никогаш не сум одел на курс а знам 90% англиски.
-Одам по 3 4 пати во денот во тоалет чисто од досада.
-Како мал сум ја гледал машината за алишта како пере.
-И по името и по презимето сум единствен во цело школо.
-Почнав да пијам кафе во 7 одд.
-А да пушам цигари од 8 одд.
-Во хороскоп сум стрелец а подзнак девица... иронија човече.
-Мразам неправди, турбо-фолк, дволичност, села..
-Перфекционист сум
-Обожавам индиска храна.
иии тоа е тоа :D
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
-Ко сум била мала сум мочала простум пошо сум сакала да сум машко.
-Никогаш не сум кажвела дека се викам Емилијана, секогаш сум викала дека се викам Емилијан.
-Сум се шишала на бербер со татко ми заедно.
-Ко мала мислев дека татко ми ме родил, и дека општо - мажите раѓет.
-Во забавиште се имам 4 пати акнато в бандера на прав пат.
-Обожавам да мијам пајнци, да чистам, перам, готвам.
-Сакам да зафркавам љуѓе на сите можни начини
-Секогаш се затресквам во некој ЧКЉ.
-Косата никогаш не ја собирам во коњско опавче (репче).
-Во основно бев заакана во Боб Марли и се облеквев ко...не знам шо.
-Обожавам некој да ме чешкат и масират !!!!!!!
-Мразам ко ќе некоја кучка е подобра од мене (wasntme)
-На школо имам на грешка без ташна и со папучи ојдено....
- ииии тн.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
-Сум се родил во болница во ист ден со 6 девојчиња. Сите шест плачеле,а јас сум спиел.
-Како бебе имам јадено се што ќе најдам на земја.
-Во забавиште имам паднато и си ги имам искршено сите предни заби. Глеѓта ми е видно оштетена,затоа имам проблеми со нив.
-Опседнат сум со брада во последно време,можеби затоа што имам ретка и слаба брада,а сакам густа и голема. Тука малце,тука малце повеќе,тука ич.
-Не играм веќе модерни игри,само игри за Playstation преку емулатор,со џојстик.
-Ко мал крадев од продавници,најчесто Киндер Јајца и самолепливи сликички.
-Обожавам коли(нивниот изглед и дизајн,не перформансите). Ги имав научени сите марки на коли пред да научам да читам,а домашните животни ги мешав(крава со коњ).
-Sprite конзумирам многу често,омилен ми е.
-Понекогаш дрвам и повеќе отколку што треба,изгледа интересно ми е да филозофирам.
-Во последно време станувам многу саркастичен,незнам дали тоа ми се допаѓа или не.
-Од спортови се имам бавено кратко време со кошарка,а од боречки вештини со Аикидо.
-Анксиозен сум,со панични напади(во последно време ги немам,што е одлично).
-Како мал ги тепав девојчињата што ме симпатизираа.
-Пореметен биоритам,легнувам касно,станувам касно.
-Гомнојадец сум,и тоа голем.
-Често ми е досадно у задње време.
-Како и некој поназад,голем фан сум на Јувентус уште од 1997 година. Кога сите дивееја по Роналдо,Роберто Карлос и Бекам,јас го величев Дел Пиеро.
 

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Не мислев да пишувам повеќе за мене, ама ај уште ова:
  1. 180 цм.
  2. 70кг
  3. кафени очи со мала зелена нијанса ( скоро незабележлива )
  4. чевли бр. 41-42 зависи дали се турски :p ( ако ми купува некој да знај )
  5. сакам да читам но ме мрзи да пишувам
  6. сакам филозофија ама не сакам да филозофирам
  7. не заобиколувам, секогаш директно и искрено
И замалку ќе заборавев да кажам и јас нешто од детството: Како мал бев грабнат од вонземјани додека се возев со точак и доживеав невидени трауми. Врескав како луд додека тие вршеа испитувања врз мојот металик зелен точак. Плачев како мало дете ( и бев дете ) кога го видов растурен до најситно делче. Кога ме вратија назад ги погрешија координатите па ме спуштија врз зрелата цреша од соседот. После овие трауми едно 6 месеци се однесував ко од небо паднат.
Толку од мене за мене...за се друго прашајте ги комшиите тие се знаат:cool:
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
-3-4 месеци живеев заедно со мојата/мојот близначка/близнак во стомакот на мама кога судбината одлучи да ни ја земе.
-Второ дете но прво женско во семејството.
-На 11 месеци и одење и зборување.
-пиев млеко од шише со цуцла до второ одделение само затоа што преку гумата млекото ми имаше поубав вкус (и денес истото го мислам иако не го правам :) )
-со брат ми сме контрасти во карактерот.
-Како мала до некаде мој 7-8 год. секогаш кога ќе ме прашаа што сакаш за роденден одговорот ми беше „се“ .
-Моето безгрижно детство а и целокпупниот безгрижен живот заврши за време на немирите во 2001 год.
-Секогаш се молам пред да заспијам.
-На 16год прв пат почувствував како е кога се крши срцето.
-Истата година дознав дека имало лек и за тоа кршење, нова љубов.
-Заљубена сум веќе 4год 8 месеци и 26 дена.
-Би простила изневерување.
-Личам на мајка ми.
-семејството и домот ми се најважните во животот. Нивната љубов ми е скапоцена.
-животна желба ми е да отворам дом и да се грижам за напуштени мали деца со деформитет.
-слушам песни во кои има текст и кои нешто значат.
-неколку пати ме имаат „изгорено“ пријателките, додека не научив дека користа се издигнала пред пријателството.
-голем љубител на филмот како и голема наклонетост кон глумата.
-велат имам убав глас, и обожавам да си пеам најчесто за себе и за најблиските.
-обожавам лето и сонце.
-секогаш се обидувам да направам да им биде пријатно на луѓето околу мене.
-приврзана сум со баба ми со која спиев до некаде мои 16год и и раскажував за сите мои симпатии.
-се сеќавам на секоја приказна пред спиење што ми ја кажала баба ми , како и на чувството додека си ги замислував во глава.
-длабоко во себе јас сум најуплашеното суштество, но како што вели татко ми: ти си најуплашеното девојче кое и покрај стравот храбро се бори за своите цели во животот.
 

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
28
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
Втор дел:
-Обожавам патувања , одмори и сл. и многу сакам коа одам некаде на граница да ми удрат печат во пасошот.
-Понекогаш знам многу да филозофирам да не речам тупам.
-Нема шанси да заспијам во автобус или кола.
-Дома иам колекција од разгледници, кугли, школки и монети од други држави.
-Кога праам нешто не дозволувам никој да ми се меша.
- На 10 години се запознав со вештината на самозадоволувањето.
- Обожавам да возам точок.
-Спијам исклучиво на страна.
-Бев одличен 5.00 се додека не дојдов во гимназија.
-Одев во хор и пеев на фестивал во Бугарија. ( Бев 1 глас а сега иам многу длабок глас)
-Кога ја правевме куќата како мал се имам набоднато на шипка и имам лузна на ногата.
-Кога е лето сакам да е зима и обратно.
-Се имам лизнато и паднато на лед пред 200 луѓе и сите се смееја.
-Попрво би научил кинески отколку да сфатам математика или хемија.
-Порано по цели денови цртав планови на куќи и сакав да бидам архитект додека не дознав дека треба математика за тоа.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Поголемиот дел од детството го поминав со првиот братучед, кој е само две недели постар од мене, ко близнаци сме растени.
Голем фанатик сум била за барбики, најголемата дилема за мојот 6 или 7 роденден ми била дали вујко ми да ми купи нинтендо или куќа за барбики.
Како мала го мразев своето име, затоа што е многу ретко.
Не ја сакав медицината, ама ич не ја сакав и на крај испадна да студирам фармација.:giggle
На 8 години ме касна куче, од тогаш ми е страв од кучиња.
Имам одено на модерни танци, на играорна, на ракомет, на драмски абе на што не.
Немам ич трпение, тоа го имам наследено од татко ми. Голем месар сум и тоа го имам наследено од татко ми, не можам ден да замислам без месо.
Повеќе ја сакам зимата од летото.
Аууу како можев ова да го заборавам, ко беше Макфест, од песната Магија од истоимената група ги научив сите чекори како ја играа и членовите од групата и симпатија ми беше Јован Јованов.:x
И моето црно минато го заборавив, ко слушав бугарски песни, со едно другарче бевме и на концерт на Милко и Мира, еј малката(wasntme) абе хит беа. И заборавив да пишав дека со една другарка снимавме филм, па сминавме песни и така, абе будали деца.:D
Туф, ниеден факт поврзан со брат ти нема :(
Ауу глумицо, не се чудам брат ти сега на кој е толкав глумец :mstickle
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Втор дел:
  • Иако не признавам много ми се путуе
  • Без проблем заспивам у авто/автобус
  • Исто и ја сам бија одличан(5.00) док да се запишу у гимназију, тг сфати колко незнам
  • Кт се решу нешто да направу не га остављам док не га завршу
  • Можу да филозофирам до 101 и назад
  • Прво дете од две
  • Најголем контраст сс брата ми у цел свет, да не видите никад нема да кажете дека смо браќа
  • Обожавам да гледам филмови, рекорд ми е 40 филма за 20 дна
  • Патике број 46 носу
  • Безгрижно детство ми завши пред 2 године овој време
  • Никад не сам ударија женско
  • Док беше помал (2одд - 3одд) стално га забрављаше ранац у школу
  • Перфекционист сам иако не изгледам такој
  • Слушам скоро свакакву музику
  • Немам потребу да еду благо и месо свак дн
  • Затој сам опседнат сс воду и пију свак дн по литар ипол минимум
  • Месено(банице и тија работе) не ги много сакам, не дека не еду ама боље ништо да не еду него некои банице.
  • Полко памту работе што каже професор да не ги учимо него онија што вика да ги учимо
  • Роден на Голему Богородицу(најголем празник после божиќ и велигден)
  • Можу да седу у столицу и до 12 сата дневно
  • Кт беше мал ги бесеше мачке, додуше и сг ги мрзу али не до толко
  • У треќо одделение морасва да ми ставив анестезију за возрасни зашто не ми беше довољна тај за деца, после тој спаја сам 30 сата
  • До 3 одд. испуни целу здравствену књишку(док не ги извади крајници)
  • Од тга 3 пута не сам отишја на доктора
  • У 8 одд. и пола 7 не сам одговараја граѓанско зашто професорка мноооооого ме сакаше, нема да ме чуди и да ми каже дека ву се свиѓам :D
  • Никад не сам цицаја млеко
  • Омилен предмет ми е голем одмор и физичко
  • Сс мерак се бричу и још не сам се исекја
  • Ако сакам можу да се напију и од едно пиво, а ако сакам можу да испију и целу гајбу без да се напију
  • Сакам женски што не стављав пудру(девојка ми никад не ставља, ваљда затој ми е девојка :D)
  • Моментално иам 79 килца, работимо да дојдемо до 70 (поносан на њима пошто до пред 1 месец имаше 85, а у септември едно 90)
  • исто како парватита и ја мислу за себе дека не сам убав а девојка ми е много убава(барем на мене)
 

Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
2дел
♦ Многу шантам по пат и зато другаркине бегет 5 подалеку километри од мене xD
♦ Или плачам или се смеам никако не можам да сум озбилна
♦ Секогаш коке се заљубам во некој или ми е роднина или е преголем -.^
♦ никогаш не се имам степано со брат ми (wasntme)
♦ Колку и да спортувам не ми ојт слабеењево xD
.......
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi and МиГ 21