-Бебе од 3 и кусур кила, царски рез, не сум сакала да цицам, ниту да јадам, со тешки маки ме пркнале.
-Подоцна многу пргаво и темпераментно дете, постојано со изгребани коленици и лакти, модрици да не спомнувам, не знаев полека да одам.
-Поради тоа двете раце по неколку пати ми се шинувани, исто и нозете, и еднаш гипс на едната троа подолго време си носев.
-По скали и ден денес си паѓам оти од брзање си промашувам по некоја и најчесто задникот ми страда
.
-До 4-то одделение косата ми беше под газот израсната, татко ми обожаваше да ми ја плете на ситни плетенчиња и кога ја скратив си плачеше човекот а на мене и мајка ми ни беше лут една недела.
-Немам брат ниту сестра.
-Имам ќерка од 4 ипол години, мое најмило.
-Метеоропат, коскиве и зглбовиве ми знаат на нагли временски промени
-Во основно првенец на генерација, средно не баш.
-Дете родено во месецот на житото, зимурливо до коска до степен што зимо излегувам надвор исклучиво по потреба.
-Малку наглува чинам сум на ушиве, па некогаш срам ме фаќа кога препрашувам по неколку пати што ми кажале.
-Мразам одење на забар, си премирам додека чекам, затоа одам кога ќе треба веќе да се вади забот.
-Обожавам долги прошетки во природа, било со друштво било сама.
-Летните ноќи милувам да ги минувам на балкон со чаша вино, музика или добри рецитации на поеми, по можност додека не зазори,
па затоа зимата ми е посебно тешка, си болувам по летото јас.
-Љубител на пишан збор, посебно ко што спомнав поезија.
-Пушач веќе 10 години, си ги сакам цигарите.
-Денот ми почнува со јако турско кафе, благо, 2 со 2, и многу, многу кајмак.
-Уживам во дожд и ветер, сакам силна олуја и звукот кој произлегува од неа, мене ме смирува.
-Си ја сакам самотијата, неопходна ми е за да функционирам нормално.
-Сакам храна, повеќе да ја јадам отколку да ја готвам.
-Голем месождер во последно време, посебно свинско и зајачко.
-Исто си обожавам секакви тестенини, сосови, печива, баници и слатки и солени.
-Омилен појадок од детството ми е кремче со сиренце и патлиџан.
-Кога јадеме секогаш од пред другиот си земам од храната, поима немам зошто, а знам дека ептен ги иритира тоа
.
-Страшна фобија од вода имам, еднаш ќе се удавев во базен а до раменици ми досегаше таа.
-Мразам собни цвеќиња, еднаш едно добив на подарок, издржа околу недела дена читаво.
-Исто ме нервира кога некој седи до мене и постојано мрда со нозете, не поднесувам и станувам.
-Хулахопки не трпам, едвај ги носам кога морам на фустанче или суќна инаку ни под разно.
-Сакам добра свирка а понекогаш и кафана со друштво.
-Си ги сакам нордијците и нивните метали, особено симфоникот.
-Кога немам интернет малку скренувам, се осеќам вон цивилизација, некоја навика.
-Имам една тетоважа, одамна ми стојат испланирани уште две, се надевам во блиска иднина ќе биде и тоа.
-Спора сум во спремање, па затоа ако некој ме планира некаде ми јавува ако не ден унапред барем некој саат.
-Сакам директни луѓе, без влакна на јазикот, не сакам обиколување и лицемерие.
-Не поднесувам лаги, и за најбанална работа нека е јас повеќе на таа особа јок верување, а и интересно ми е кога ги фаќам во тесно.
-Навидум можеби ладна но уствари многу емотивна сум, не чини, лошо за мене.
-За оние кои ги пуштам во животот можам да направам се, без изговори, едноставно многу се приврзувам па ако некој таков ме повреди тешко се опоравувам, и тешко простувам.
-Сакам луѓе кои знаат да слушаат, а не само да зборуваат.
-Не сакам празни и безвезни муабети, насред таков ако случајно се најдам си молчам или бегам ако можам.
-Сакам да подарувам и изненадувам, дури повеќе отколку да ми подаруваат, ме радува кога сум усреќила некој што ми значи.
Ај за сефте доста е.